Среда, 14 Октомври 2020    PDF Печати Е-пошта
За магapињата во политикaтa и млaдитe кои бегaaт од магapињата – 3aeв без една причина да биде премиер

1vasev svetislav

Пишува: Светислав Васев

Национална агенција за европски образовни програми и мобилност – Ако првпат го слушате името на оваа институција најверојатно мислите дека преку истата се финансираат образовни проекти, обуки и се помага размената на студенти  –  Да тоа треба да е така, НО оваа институција командувана од директорката на Заев, Лидија Димова, наместо со влог во младите, вложува во магариња и нивна дресура.

Очигледно сите начини за испумпување на пари од буџетот се исцрпени, па сега ќе слушаме за проекти како, тренирање на папагал за имитација или вежбање на коњ за јавање. Ништо не е за изненадување со владата која дава 83.000 евра за тренирање магаре, а во меѓувреме секој ден по некој наш, ваш близок си заминува од Македонија.

Сигурно имате некој познат со просек 10 кој седи дома невработен или знаете некој талентиран средношколец кој не може да замине на некој престижен универзитет затоа што неговите немаат пари, младите од двата примери седат дома затоа што парите кои треба да завршат за нивна едукација или вработување владата ги троши за од сите нас да прави магариња.

Никако поинаку не може да се сфати грантот од 83.000 евра за дресура на магаре, со кој владата преку својата агенција со која директорува сега популарната Лидија Димова дава европски пари за измислени проекти на сопартиец, брат на пратеник на СДСМ. Срамот за Македонија е дотолку поголем, затоа што некој во Брисел дал пари, одвоил од својот буџет за развој на државава, за младите тука, а власта на Заев од петни жили се труди како да смисли нов метод да ги злоупотреби тие пари, и наместо за младите да завршат за магарињата на братот на Диме Велковски, пратеник од СДСМ. 

А урлаа дека ќе враќаат 600.000 млади кои се иселиле од Македонија, оставаа патики пред влада, драматизираа, излажаа народ, кој можеби за миг поверува во лагите на Зоран Заев, кој дојде на власт и освои толку гласови затоа што јаваше на бранот на младинското незадоволство. И не само што не вратија ниту еден од тие 600.000 млади, туку и нови иселија со нивната магарешка политика. Секој ден некој млад човек си заминува од Македонија. Секој ден сме се помалку. Власта буквално ги убива младите, им го убива духот и надежта дека нешто ќе се смени, ќе тргне на подобро.
Повеќе нема ниту една причина Заев да биде премиер, заради милионскиот рекет, дресурата на магариња, 40.000 отпуштени од работа, скоро 2 милијарди евра долг, лекарите кои ја напуштаат државата, луѓето кои умираат заради неспособноста на системот, граѓаните кои не се безбедни ниту во својот дом, запалените автомобили, вработените кои трпат мобинг, сите кои се избркани од работа, уставобранителите кои лежат во затвор, а криминалците се на слобода.
Ова е трул систем во кој има пари за тренирање магариња, а нема за лап топ компјутери за настава за децата чии родители не можат да им купат, нема за операции па се собираат пари преку СМС донации, нема за реновирање на некое селско училиште па децата учат во прокиснати училници.

И ќе продолжиме да собираме пари за операции преку пораки, и децата ќе учат во прокиснати училници, и многу деца ќе немаат лап топ за да ја следат наставата, и многу млади ќе седат дома без работа, а уште толку ќе ја напуштаат Македонија, се додека на сите не ни стане јасно дека оваа магаре политика со магариња во политиката, која од нас сака да направи магариња треба да си замине. Тоа не може да се случи преку ноќ или затоа што нас не ни се свиѓа, затоа е потребен активизам, кревање на гласот против сите овие неправди, против сите кои од државата и од сите нас направија магариња.

 

На прво место

News image

Повик до сите Канаѓани со МАКЕДОНСКО ПОТЕКЛО: ПОДДРШКА ЗА МАКЕДОНСКО-КАНАДСКИОТ КАНДИДАТ ДЕН МАСИН

Македонското Меѓународно Движење за Човекови Права (ММДЧП) ги повикува сите Канаѓани со македонско...

Иселеници

Култура и туризам

News image

Од борбата за возобновување на автокефална архиепископија на Прва Јустинијана Охрид

„Улогата на идејата за Охридската архиепископија во црковната борба не било едноставно само лирско и...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.