Петок, 16 Октомври 2020    PDF Печати Е-пошта
Повик до сите Канаѓани со МАКЕДОНСКО ПОТЕКЛО: ПОДДРШКА ЗА МАКЕДОНСКО-КАНАДСКИОТ КАНДИДАТ ДЕН МАСИН

798932Македонското Меѓународно Движење за Човекови Права (ММДЧП) ги повикува сите Канаѓани со македонско потекло да го поддржат Ден Масин, горд Македонец во Канада, кој се кандидира во изборната единица Симко Норт во Онтарио.

Масин е кандидат за номинацијата на Конзервативната Партија, но во ММДЧП подвлекуваат дека му изразуваат поддршка како на поединец, во согласност со ставот дека било која партија која бара поддршка од Македонците мора најпрво јасно да застане во одбрана на македонското име и идентитет.

Масин неуморно работеше да издејствува поддршка за Македонија и Македонците и за Канада да го отфрли нелегалното, принудно преименување на Македонија. Како член на Парламентот, тој ќе биде силен, ефикасен глас во поддршка на Македонците во канадската политика.

 
 

„Мојата цел е да ги зацврстам односите меѓу Канада и Македонија, да го бранам нашето наследство и идентитет и да добијам поддршка од Канада за враќање на македонското име“, Ден Масин рече во изјава за ММДЧП.

Првиот чекор е Масин да стане кандидат на Конзервативната Партија во изборната единица Симко Норт. Македонците кои живеат таму треба да се зачленат во партијата и да ја поддржат кандидатурата на Масин. Повеќе информации може да добиете тука https://www.simcoenorthconservative.ca/join-us/ или од кандидатот на  Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите .

Семејството на Масин доаѓа од Прекопане и Вумбел во Егејска Македонија и добро им е позната македонската борба за опстанок. Презимето на семејството Масин беше принудно променето во Масинис од страна на грчките власти, но тие си го вратија името по преселбата во Канада (многу од постарите македонски родови завршуваат на „ин“).

Ние Македонците сме соочени со најсериозната борба за нашето име и идентитет во изминатите децении. Потребно ни е да имаме глас во западната политика кој ќе се заложи за поддршка на Македонија. Ден Масин се понуди да биде тој глас. ММДЧП ги повикува сите Македонци во Канада да му помогнат. Процесот на номинација е во тек и наскоро ќе се гласа за избор на кандидатот. Контактирајте го Ден и понудете му ја својата поддршка, стои во објавата на Македонското Меѓународно Движење за Човекови Прав

 

 

 

На прво место

News image

Повик до сите Канаѓани со МАКЕДОНСКО ПОТЕКЛО: ПОДДРШКА ЗА МАКЕДОНСКО-КАНАДСКИОТ КАНДИДАТ ДЕН МАСИН

Македонското Меѓународно Движење за Човекови Права (ММДЧП) ги повикува сите Канаѓани со македонско...

Иселеници

Култура и туризам

News image

Од борбата за возобновување на автокефална архиепископија на Прва Јустинијана Охрид

„Улогата на идејата за Охридската архиепископија во црковната борба не било едноставно само лирско и...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.