Среда, 21 Октомври 2020    PDF Печати Е-пошта
СРЕДБА НА ММДЧП СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ НА КАНАДА, ПОВИК ЗА ОСУДА НА ПРИНУДНОТО ПРЕИМЕНУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА

mpdcj

Претседателот на Македонското Меѓународно Движење за Човекови Права Бил Николов се сретна со Дејвид Спрул и Ендрју Тарнер, генерален директор и заменик директор на одделенито за Европски и Евроазиски Прашања на министерството за надворешни работи на Канада и побара веднаш да се повлече непромислената канадска поддршка за принудното преименување на Република Македонија.

Николов изјави дека канадската политика на „евро-атлански интеграции“ не смее да е спроведува по цена на човековите права, меѓународното право и конвенциите за заштита на човековите права на кои Канада е потписник.

И покрај тоа што се свесни за бруталните и илегални тактики кои беа спроведени врз Македонците за со сила да се наметне промената на името (подетално информирано на средбите на ММДЧП со вицепремиерката Фриланд во периодот кога таа беше министерка за надворешни работи, и со нејзините советници за надворешна политика - Канада сепак реши да го поздрави исходот како „решавање на дипломатски спор“ со Грција - земјата која јавно признава дека го создала вештачкиот „спор за името“ со Маекдонија во 1988 година (откако со генерации безмилосно го спречуваше секое спомнување на зборот „Македонија“) за да ги реализира своите политички цели - конкретно, да продолжи да го негира постоењето и прогонот врз големото македонско малцинство во Грција.

Николов им објасни на Спрул и Тарнер дека канадската политика и помага на Грција да ги реализира своите цели, бидејќи членот 7(2) од „Преспанскиот договор“ конкретно го негира постоењето на Македонците во Грција, и го препушта името „Македонија“ и „Македонци“ на Грција, а со членот 8(5) се создава панел составен од грчки дипломати кои можат да ја препишат македонската историја и македонските учебници.

Николов одново ја постави прашањето повеќепати покренато од ММДЧП - како е можно да постои документ како што е „Преспанскиот договор“, чија цел е да се редефинира и конечно - уништи - постоењето на цела една етничка група, а уште повеќе - како е можно тој да се поздравува?

Николов исто така им укажа на Спрул и Тарнер дека и Бугарија сега оди по анти-македонските стапки на Грција, бара отстапки со кои современата македонска историја ќе им се предаде на Бугарите, а идентитетот на сите Македонци во Република Македонија, Бугарија и Албанија ќе се прогласи за „бугарски“. Двете земји се заканија дека ќе го употребат своето право на вето во ЕУ и НАТО доколку нивните барања не бидат исполнети.

Како што Николов објасни, принудното преименување на Македонија влијае врз сите делови од поделената Македонија (која во 1913 година беше распарчена меѓу Србија - делот кој е сега независната Република Македонија, Бугарија, Грција и во 1919 година - Албанија) и има последици врз стотици илјади Македонци кои емигрираа во Канада од Егејска Македонија (делот од Македонија кој е анектиран од Грција). Македонците доаѓаа во Канада за да побегнат од грчките прогони, и не ни помислуваа дека по децении ќе дојде ден кога нивната втора татковина Канада ќе застана на грчка страна со своите анти-македонски политики).

Канада досега одбиваше да го смени својот став по прашањето на Македонија, тврдејќи дека не сака да „се вмешува во спорови“ со други држави. Николов го поби ова лажно тврдење посочувајќи дека на официјално поставените цели на министерството за надворешни работина Канада, како и на изјави кои претставници на канадската Влада ги дале во врска со „Преспанскиот договор“, како и многу други примери на мешање во спорови во други држави, вклучително и:

- Канадската осуда на украинскиот Претседател Виктор Јанукович во 2014 година поради неговите про-руски политики. Поранешниот министер за надворешни работи Џон Баирд изјави дека „ние секако нема да се извинуваме за тоа што стоиме до украинскиот народ во нивната борба за слобода“ кога ЦТВ Њуз го праша „дали поддршката на властите во Отава за анти-владините демонстрации и осудата на режимот на Јанукович ќе се одрази на дипломатските односи меѓу двете земји“

Николов укажа на повеќемесечните протести против нелегитимниот „премиер“ Зоран Заев (кој беше доведен на власт со местење на избори) на кои стотици илјади Македонци (во земја со два милиони жители) секојдневно протестираа против неговите политики за задоволување на апетитите на Грција, Бугарија и Албанија.

- Канадската осуда на Претседателот на Венецуела Мадуро во 2019 година и признавањето на опозицискиот лидер Хуан Гуаидо „како одговор на нападите врз демократските и човечките права на Венецуеланците од страна на режимот на Николас Мадуро)

Николов посочи на постојаното апсење, претепување, притисоците и заканите врз критичарите на режимот на Зоран Заев, при што особено на удар се жените и нивните семејства.

Канадските чести изјави упатени кон претседателот на Белорусија Лукашенко во кои се вели дека: „Канада им се приклучува на своите партнери во меѓународната заедница во осудата на разбивањето на мирните протести по претседателските избори во Белорусија. Не ги прифаќаме резултатите од овие фалсификувани избори и бараме слободни и фер избори“.

Николов укажа на случаите на напади врз мирни демонстранти од страна на специјалните полициски сили и на сериозните изборни нерегуларности при неколку избори и референдумот во Македонија.

 

На прво место

News image

Христијан Мицкоски : Нека е честит големиот празник Свети Сава!

Мицкоски со честитка: Св. Сава треба да не обединува во напорите за подобар живот и крај на поли...

Историја

News image

Историски белешки за Мијаците – Св. Јован Претеча (Бигорски)

Во V поглавје од својата „Книга за Мијаците“ (Македонска библиотека No. 12, Софија, 1941), Георги Тр...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ МОНОДРАМАТА „ЧЕНТО“ ОД ДУШАН РИСТЕВСКИ - МАКЕДОН ОД СИДНЕЈ

Во издание на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ и „Австралиско - македонскиот теат...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (57)

УЛОГАТА НА ТОГАШНИТЕ НАУЧНИЦИ 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.