Четврток, 22 Октомври 2020    Печати
127 години ВМРО, 30 години ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ на протест со автомобили од Скопје кон Штип на Денот на македонската револуционерна борбаВМРО-ДПМНЕ на протест со автомобили од Скопје кон Штип на Денот на македонската револуционерна борба

На 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, денот кога е формирана Македонската револуционерна организација, ВМРО-ДПМНЕ организира протест со автомобили против мафијата за правдата и слободите.

127 години ВМРО, 30 години ВМРО-ДПМНЕ.

127 години од светлиот датум за Македонија, за македонскиот непокор и пркост покажан низ вековите, денот кога започнува организираниот бунт против тиранијата, мигот кога почнува борбата за слобода, правда и своја држава.

Денес ја имаме државата, но ја немаме слободата која ја сакаме, ја немаме правдата која ни е потребна, се бориме за националното чувство кое ни го негираат.

Токму затоа ги покануваме сите граѓани масовно да ни се приклучат на протест против мафијата, за правда и слобода.

Протестот ќе почне на 23 Октомври во 12 часот, од две собирни точки во Скопје, СЦ Борис Трајковски- Општина Карпош и СЦ Јане Сандански-Општина Аеродром по што ќе финишира пред Собранието на Република Македонија каде ќе се обрати претседателот на ВМРО ДПМНЕ проф д-р Христијан Мицкоски.

По говорот протестот со автомобили ќе продолжи од Скопје до Штип преку автопатот Гоце Делчев, а во Штип ќе заврши пред Учителската школа каде своевремено учителствувале Гоце Делчев и Дамјан Груев.

Време е за одговор. Од секој зависи! – се вели во повикот за протест на ВМРО-ДПМНЕ.

https://republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-na-protest-so-avtomobili-od-skopje-kon-shtip-na-denot-na-makedonskata-revolucionerna-borba