Петок, 23 Октомври 2020    PDF Печати Е-пошта
Полувековно новинарско творештво сублимирано во монографија

Деновиве од печат излезе монографијата „Погледи на времето“ на Киро Кипроски, доајен на македонското новинарство и верен соработник на нашиот весник „Нова Македонија“ и на нејзините изданија. Промоцијата на ова капитално несекојдневно книжевно дело, мала енциклопедија на западниот дел на Македонија, може да се каже и новинарски учебник, десетта по ред јубилејна монографија, ќе се одржи в сабота, во 13 часот, во гостиварскиот ресторан „Сајгија“. Промотори се Светлана Велјановска и Блаже Миновски, писател и новинар, а во уметничкиот дел ќе настапи музичката група „Трио кладенец“.

Монографијата „Погледи низ времето“, според рецензентката Светлана Велјаноска, претставува природен след на нештата и нештото што секој автор што творел со децении треба да си го дозволи како чин на сублимација на својата креативност.
– Кога творештвото настанато низ годините ќе се собере на едно место, работите се поставуваат на свое место и творецот на многубројните текстови и фотографии ќе може да направи евалуација на тоа што го работел во времето што поминало – вели таа.

Рецензентот Панде Колемишевски, новинар, ќе забележи дека Кипроски се вбројува меѓу ретките новинари, по многу нешта е уникатен и неповторлив од другите.
– Тој е четири во еден, а понекогаш и пет во еден. Новинар, фоторепортер, тон-мајстор, снимател и возач. Има богат новинарски опус објавен во печатените и електронските медиуми, според неговата евиденција тоа се неколку десетини илјади текстови од сите новинарски жанрови – вели Колемишевски.

Во 1968 година, кога Кипроски почнува да соработува со весникот „Нова Македонија“, еден од првите текстови му го посветува на Трајче Ристоски, прв Македонец, кому д-р Де Бејки во болницата во Хјустон, САД, му изврши операција на срцето. Со текстот „Кораб повисок од Триглав?“, објавен на 9 август 1973 година, Кипроски заедно со групата на гостиварските планинари со висиномер утврдиле дека врвот Голем Кораб има височина од 2.872 метри, поголем за 108 метри од официјалната височина запишана во географските карти. Текстот „Солзите на нобеловецот“ пишува за емоциите на д-р Ферид Мурат, светски научник од областа на здравството.

Македонскиот кардиохирург д-р Жан Митрев ќе се втемели во Галичник со изградба на стационар за рехабилитација на лица оперирани од срце. Особено внимание побудува текстот за Мазлам од долнореканското село Присојница, кој му бил возач на египетскиот крал Фарук…

Во воведот на монографијата авторот Кипроски вели дека во својот богат новинарски опус ги користел сите новинарски жанрови: патеписи и репортажи, извештаи и информации, фељтони и разни историски, политички, стопански, образовни, здравствени, земјоделски и културни теми. Известувал и за спортски настани, но и за грдата страна на животот. Во монографијата со право доминираат текстови од западниот дел на Македонија, има и од другите делови на нашата татковина, како и репортажи од Кина, Египет, Тунис, Германија, Грција, Словенија, Франција…
– Целта ми беше на едно место да ги соберам текстовите што се однесуваат на значајни историски настани од минатиот и од овој 21 век и за личности што со своите дела оставиле траен белег во животот на овие краишта, кои нѐ задолжиле и кои никогаш не треба да ги заборавиме – вели авторот.

https://www.novamakedonija.com.mk/zivot/kultura/

 

На прво место

News image

Христијан Мицкоски : Нека е честит големиот празник Свети Сава!

Мицкоски со честитка: Св. Сава треба да не обединува во напорите за подобар живот и крај на поли...

Историја

News image

Историски белешки за Мијаците – Св. Јован Претеча (Бигорски)

Во V поглавје од својата „Книга за Мијаците“ (Македонска библиотека No. 12, Софија, 1941), Георги Тр...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ МОНОДРАМАТА „ЧЕНТО“ ОД ДУШАН РИСТЕВСКИ - МАКЕДОН ОД СИДНЕЈ

Во издание на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ и „Австралиско - македонскиот теат...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (57)

УЛОГАТА НА ТОГАШНИТЕ НАУЧНИЦИ 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.