Понеделник, 26 Октомври 2020    Печати
Петковден 1992 година во домот на Манојил Јаковлески во Зубовце

1 petkovden 92 5

Зубовчани со векови, традиционално ги празнуваат големите верски празници: Божик, Велигден, Илинден, Марена, Духовден, а на многу семејства, куќна слава им е Петковден. И фамилијата Јаковлески го празнува Петковден (27 октомври).

Манојил од своите родители ја презеде домашната слава и продолжува да ја слави со сите обичаи.

Секое празнување на Петковден за семејството Јаковлески беше и е исполнето со посебности, со неповторливи настани, кои остануваат за паметење. Во 1992 година, на Петковден, со своето присуство чест му направија и прославата ја збогатија видни гости, великодостојници на МПЦ, уметници, стопанственици и блиски пријатели и роднини на семејството.

На празнувањето во 1992 г. присуствуваа тројца владици на МПЦ: г. Петар, митрополит на Преспанско-пелагониската епархија, г. Тимотеј, митрополит на Кичевско-Дебарската епархија и г. Стефан, митрополит на Брегалничката епархија, Александар Ристовски, вујко на Манојил, поранешен претседател на Општина Гостивар; Љубчо Георгиевски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ; Симеон Гугуловски, првенец на скопската опера и балет; Јонче Христовски, легенда на македонската народна песна; Стефан Доневски - Мајка, бизнисмен од Берлин; Ставре Џиков, судија; Стојан Карајанов, директор на Домот на култура „АСНОМ“ – Гостивар; членови на оркестарот „Бисери“ од Демир Хисар и Киро Кипроски.

1 petkovden 92 1

1 petkovden 92 8

1 petkovden 92 13

1 petkovden 92 25

1 petkovden 92 24

1 petkovden 92 7

1 petkovden 92 91 petkovden 92 10

Фотографиите се од Киро Кипроски

Преподобна мајка и Чудотворка Параскева

Во спомен на маченицата и чудотворка Преподобната Параскева Петка Трновска, светата православна црква го востановила празникот што се празнува секоја година на 27/14 октомври и што во народот е познат како Петковден. Во народот Петковден се смета за почеток на зимските празници што следуваат и што се проследени со домашни служби како што се Митровден, Св. Ѓорѓија, Аранѓел, Св. Никола и др.

Култот кон Света Петка кај нашиот народ е многу раширен. Таа се смета за заштитничка од разни несреќи, но и од многу болести поради што народот ја нарекува уште и мајка Параскева. Многу лековити извори се поврзани со нејзиното име и се наречени петочни води.

Света Петка низ рај шета

Света Петка низ рај шета,

ми ги фати двете раце,

света Петка по рај шета,

ми ги фати двете нозе.

Света Петка по рај шета,

ми ги ослепе двете очи.

Па ме фати за десна рака,

ме одведе посветена црква,

ми ги пушти мене двете раци.

Ме одведе посветен манастир

ми ги пушти двете нози.

Ме одведе на посветен камен,

Ми ја пушти мојата сила.

Ме одведе посветена вода,

Ми ги изми двете очи.