Среда, 04 Ноември 2020    PDF Печати Е-пошта
Роденден на Генералот МИХАИЛО АПОСТОЛСКИ, народен херој, академик, публицист

 

1apostolski

МИХАИЛО АПОСТОЛСКИ (8 ноември, 1906 – 7 август, 1987)

Пред 114 години, на Митровден, 8ми ноември, во Ново Село Штип е роден Михаило Апостолски, Македонскиот народен херој од Втората светска војна, прославен и во борбите против Бугарскиот фашистички окупатор во Македонија кој е сојузник на Хитлеровата фашистичка, воена и партиска политика на национал социјализмот - за поништување, анектирање или асимилирање на други народи и култури, меѓу кои и на Македонскиот народ.   

Во чест на роденденот на Михаило Апостолски, македонски генерал од анти-фашистичката борба, претседател на МАНУ, директор на Институтот за национална историја, историчар и автор, донесуваме неколку податоци за него од поетесата проф. д-р Марија Емилија Кукубајска.    

Во интервју за МРТ Македонско радио 1 – Радио Скопје, Генерал Апостолски се изјаснува за борбите на Македонскиот народ против Бугарската окупација во Македонија, и посебно во Источниот регион на Македонија, на планината Плачковица, во близина на Штип. https://twitter.com/i/status/1322924646702948353

„Секоја чука на Плачковица е заобележана со борби, и тоа баш против Бугарите, против тие што денеска тврдат дека сме Бугари. А кој може сам против себе да се бори... ако сме Бугари!? Јас затоа инсистирам не да подигаме големи споменици него плоча на која ќе биде обележано местото, сос кого кој се судрил и време кога се судрил.“

2kukuАкадемик Михајло Апостолски, претседател на Советот на 8те Гоцеви денови 1974, при нивното свечено отварање пред споменикот на Гоце Делчев во Делчево има изјавено: „На великанот на револуционерното движење на македонскиот народ, на сите негови соборци и на сите оние што ја продолжија таа борба до конечно ослободување на Македонија, можеме денес да им соопштиме дека таа борба е овенчана со победа и слобода. Ние собрани овде, можеме пред Гоцевиот лик да кажеме дека неговата мисла, неговите желби: Светот да се натпреварува на културно поле, овој слободен граѓанин на Југославија, слободен македонски човек настојува да ги развива и афирмира, како во нашата земја така и надвор од неа. Деновите претставуваат поттик на нашите луѓе без оглед на возраст, да творат и да се натпреваруваат во творештво за доброто на Македонија, на нашата земја и светот“. (Нова Македонија, 5 мај, 1974).

Во текстот пишува и дека д-р Христо Андонов Пољански одржал час за Гоце Делчев а поезија читале Михајло Ренџов, Марија Кукубајска, Глигор Поповски, Олга Арбуљевска, Гане Тодоровски и Методија Тошевски. Во чест на делото на Македонскиот водач за национална слобода и независност е изведена и операта „Илинден“ од Кирил Македонски.

На симпозиумот на Гоцеви денови, „АСНОМ – остварување на идеите за создавање на Македонска држава и неговиот меѓународен одглас и одраз“, Марија Кукубајскаго чита својот научно-истражувачки труд: Придонесот на Штипскиот театарски живот во текот на НОВ, причини и поводи за отсуствување или ангажирање. Кукубајска настапува и со две песни од книгата Временија и Неоткрит (1973), Аполонија и Недајсон и Улицата Апостолски.

3kukuБлагодарница од МАНУ, акад. Михаило Апостолски, до Марија Кукубајска.

УЛИЦАТА АПОСТОЛСКИ

Древна улица се извишува

Од кејот на Брегалница

Кон небото над моите очи –

Бездни извори на златни дождови без почин.

Апостол е таа улица

За плочниците на дните

Кога иконите слепееле в келии,

А нивниот патрон

Ги косел каменарските змии –

Жив троскот што цеди лозја

На плодот, сводот и македонскиот трон.

Улицата Апостолки

Птица на молњите

Над сушни ниви растопи

Бакарни неба

И најави војна:

Облаци над преродено

Ново Село да треби.

II.

Се разгранува буден чекор

Низ новата градина

Со пресвлечен, свечен декор.

Се бранува по сончева улица

Одглас на совест и повест

Што ја храни историјата

Како мајска река.

По слепа виулица

И мраз низ којзнае колку века,

Народот на новиот булевар

За средба со ново време чека

Свиеното бреме да се исправи господар.

Улицата Апостолски

Кон домот на македонската душа води.

Не сум темнеела под заробено сонце,

Но моите Новоселани и моите дни слават

Што и чекорот по штипскиот кремен камен

Црвен пламен роди.

Се напивам од мирот

Плодоносно дрво

Бранови здив кон висината

Што пружи

И ветувам пред себе

Да стоплувам македонско небо,

Но, од овој почеток прво

Кон букетот Македонски Олимп

Здравицата да се здружи,

А улицата, после

Архитектонскиот,

Маратонскиот и

Македонскиот свет,

Од мојот лет

Да дочека подарено перо и

Човекосончев цвет.

1kukuМарија Кукубајска

4kuku

Во весникот „4 Jul“ од 12.11.1974, Белград, е објавено интервју со Михаило Апостолски, со наслов „Пред се’ човек“, наднаслов Етика на револуционерот вчера и денес и цитат од Апостолски: „Револуционерот треба секогаш да и’ гледа на вистината во очи“.  

Со интервјуто е објавена и песната По рељефите на градот воин, која со песните Син на времето и Улицата Апостолски се посветени на Генерал Михаило Апостолски. Напишани се 1967 година, кога поетесата Кукубајска има само 17 години. Улицата Апостолски е промовирана на Народен собир во Ново Село Штип, во училиштето (денес Ректорат на Универзитетот Гоце Делчев), каде учителствувал водачот на востанието за независна Македонија, Гоце Делчев Штип, 1893-94 година, заедно со македонскиот револуционер Даме Груев. Песната Син на времето, покрајпесните Безбгрег втекување и Сончевина Трногор, се објавени во Студентски Збор, Скопје, 29.11.1971.

Уредникот на Култура во Студентски збор со изборот на овие песни пишува за поетесата Марија Кукубајска: „Извира среде земнонебесни бранови како престрога скротителка со срце на челото, со оган над римувања, со милост во благородноста и со своемирна терезија, за луцидно и непокајно да одмерува праидни (не)вистини, со своеверниот реализам и романтизам, што се разоткриваат еден во друг. Ерудицијата и емоцијата, строго бараното и стихијно откриваното, вистината – до чудесно стварни потсвесни збиднувања на апсурдот до граници над надрационални симболизирања; синтеза на нејзиното искуство низ еволутивните сознанија за животот на уметноста и на современата младост, го исполнуваат светот на Марија со првата љубов – засекогаш неосвоениот зборопис... Марија Кукубајска студира англиски и германски јазик, Пишува уште од рано детство и во последните години нејзините поетски и прозни остварувања често сме ги среќавале на страниците на Современост, Студентски Збор, Млад Борец, Нова Македонија, Радио Скопје, Македонија, За вас и вашиот дом, и други весници и списанија.

Македонска нација

 

На прво место

News image

Нема крај на тоталитарниот режим на Зоран Заев и ова мнозинство во Собранието

Нема крај на тоталитарниот режим на Зоран Заев и ова мнозинство во Собранието

Историја

News image

Историски белешки за Мијаците – Св. Јован Претеча (Бигорски)

Во V поглавје од својата „Книга за Мијаците“ (Македонска библиотека No. 12, Софија, 1941), Георги Тр...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ МОНОДРАМАТА „ЧЕНТО“ ОД ДУШАН РИСТЕВСКИ - МАКЕДОН ОД СИДНЕЈ

Во издание на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ и „Австралиско - македонскиот теат...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (57)

УЛОГАТА НА ТОГАШНИТЕ НАУЧНИЦИ 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.