Сабота, 07 Ноември 2020    Печати
ЕУ МОРА ДА ГО ОСУДИ – А НЕ ДА ГО ПОМАГА – АНТИ-МАКЕДОНСКИОТ РАСИЗАМ НА БУГАРИЈА И ГРЦИЈА

1mmdc

Бугарија го следи примерот на ЕУ членката Грција, која прва и наметна услови на Македонија за да ја принуди да си го промени името, и сега и таа бара Македонија и Македонците да си ги сменат историјата, идентитетот, да прогласат дека се всушност „Бугари по потекло“, дека македонскиот јазик е „бугарски дијалект“ и целосно да се откажат од македонското малцинство во Бугарија. Дополнително, и во спротивност со историските факти, Бугарија бара Македонија да ја прифати бугарската ревизионистичка историја, и да каже дека Бугарија, иако била сојузник на Хитлер и окупаторска сила во Македонија, „нема никаква одговорност за депортирањето на 7.000 македонски Евреи во логорот на смртта во Треблинка“. Ако овие барања не бидат исполнети, Бугарија се заканува дека ќе стави вето на македонското членство во ЕУ. Портпаролката на ЕУ Ана Пизонеро рече дека „Договорот од Преспа (со Грција) и Договорот за добрососедски односи со Бугарија се позитивен пример за регионот и пошироко. Важно е овие билатерални договори да продолжат да се спроведуваат со добра волја“.

Од една држава и етничка група не може и не смее да се бара да соработуваат со своите угнетувачи и да „спроведуваат договори со добра волја“, особено ако целта на овие договори е бришењето на оваа етничка група и на нејзиното основно право на само-определување. Но Европската Унија очигледно повеќе сака да го зголеми своето членство и своето глобално влијание отколку што ги цени вредностите како што се човековите права и демократијата, вредности кои тврди дека ги почитува.

Про-ЕУ медиуми, како што е Политико ЕУ, дури објавија дека говорот на бугарски претставник во Брисел во кој се негира македонскиот етнички идентитет бил „многу долг и емотивен“. Политико со ова ја одбра страната на озлогласениот кршач на човекови права Бугарија, која дузина пати е осудена ни повеќе ни помалку туку од Европскиот Суд за Човекови Права, поради нејзиното негирање на основнот право на само-определување и себе-изразување на Македонците.

Без осуда или резерви, Ројтерс ја претстави застрашувачката политика кон Македонците на бугарската министерка за надворешни рабоит Екатерина Захариева.

„Ние сме загрижени од постојаните барања на македонското малцинство во Бугарија. Со признавање на бугарските корени ќе се стави крај на ова“.

Македонското Меѓународно Движење за Човекови Права ги осудува Бугарија, Грција и земјите членки на Европската Унија, како и медиумите кои решија да им помагаат на овие земји во нивниот проект за бришење на македонскиот етнички идентитет и нашите основни човекови права.

Ги повикуваме владите, опозициските партии, организациите за човекови права и медиумите кои се искрено вложени во заштитата на човековите права да ги осудат овие тактики за притисок врз Македонија, кои се одобрени од страна на ЕУ, и да ги осудат Бугарија и Грција за нивното јасно кршење на македонските права.

1nasetoМакедонско меѓународно движење за човекови права (ММДЧП)