Недела, 08 Ноември 2020    Печати
Гоце Марков : Ароганцијата ќе не уништи!
70888 Гоце Марков : Ароганцијата ќе не уништи!
Ако СДС до јануари сами не си подвиткаат опашката и побараат помош, ќе гледаме такви слики кои ги нема ни во филмови...
Италија и Кина ќе ви се чинат како лајт стори.
Немаа доблест да си ја признаат неспособноста ама затоа вителот е заеднички и болеста не бира кого ќе нападне.
Нека се подготви, и Премиерот (кој и да е), и неговата свита за одговорност!
Ковид 19 пандемија е, во цел свет а не само во Македонија.
Затоа нема изговори.
Зафатени сите згради кои беа срцевина на јавното државно здравство.Како во Скопје така и во внатрешноста.
Дали тоа значи дека повеќе нема да постојат други болни??
Невролошки, интернистички (намалени капацитети од 50-70/), а да не зборуваме за специфични субспецијалистички гранки?!
Дали по логиката на Власта ќе се умира во иднина само од Корона, и од ништо друго?
Ако е така, ние сме влегле во т н колабирано здравство само не сме свесни или не ни одговара да го кажеме јавно.
Г-да од Влада, помина времето кога можеше да се биде себичен, егоист и со дневни политики!!
Луѓе умираат, опаметете се!
Таму каде што капката кислород фали на болен ќе имате тешки камења на душата.
Таму каде што нема опрема за медицинските работници ќе има оловни плочи во иднина.
Не не чека ништо убаво а вие си живеете во вашиот егоизам и некадарност, а Слогата не ја гледам нешто на повидок.
Додека илјадници доброволци и принудени беа во жижата, мудро се смееја вашите штитеници. Сега пак ја правите истата ,,грешка".
Се има почеток и крај...А крајот ќе биде суров.
За овие четири години се создаде таква омраза за која никој не се осмелува да говори а која ќе не уништи сите колективно.
Овде, денес и сега повеќе се мразат Македонците меѓу себе отколку било кој друг. Иако премолчено дозволуваме, ден да мине - друг да дојде, несвесно го уништуваат професионализмот и воведоа конформизам и полтронизам...
Сето тоа еден ден ќе го нема и секој ќе си плаќа за грешките, па макар фактурите и да пристигнат со задоцнување.
Бог ќе задоцни, ама нема да заборави!!