Четврток, 12 Ноември 2020    PDF Печати Е-пошта
О’НИЛ: УЛТИМАТУМИТЕ НА СОФИЈА НЕ ТРЕБА ДА БИДАТ ПРЕЧКА ЗА ПОЧЕТОК НА ПРЕГОВОРИТЕ НА МАКЕДОНИЈА ЗА ЧЛЕНСТВО ВО ЕУ!
1183Слободан Томиќ
 
О’НИЛ: УЛТИМАТУМИТЕ НА СОФИЈА НЕ ТРЕБА ДА БИДАТ ПРЕЧКА ЗА ПОЧЕТОК НА ПРЕГОВОРИТЕ НА МАКЕДОНИЈА ЗА ЧЛЕНСТВО ВО ЕУ!
 
12 ноември 2020 година, Скопје, Македонија - Британскиот амбасадор и прв медијатор во грчко-македонските односи за државното име Македонија, Робин О’Нил, за форумот “Гласот на народот“ на Слободан Томиќ, за почетокот на преговорите на Македонија со Европската Унија и бугарското вето, вели: 
 
- Сите членки на Европската Унија мора да и’ кажат на Бугарија, дека следејќи го советот на Комисијата, нема никаква пречка за почнување на преговорите со Македонија. Ако има спор меѓу Бугарија и Македонија, како што тврди Софија, време за преиспитуавње на овој проблем е кога ќе завршат преговорите за членство предводени од Комисијата на ЕУ и откога Комисијата ќе му даде препорака на Советот на министрите на ЕУ, дека Македонија ги исполнува условите за членство! Преговорите за членство треба да започнат сега! Во меѓувреме, Бугарија и Македонија треба да работат на решавање на наводниот спор, веројатно преку работа на Заедничката комисија. Се надевам дека сите други земји-членки на ЕУ ќе кажат истовремено, дека не го сметаат спорот поткренат од Бугарија за суштински, бидејќи е историски, не се однесува на сегашниот идентитет на двете држави, од аспект на нивните погледи како пречка за членство на Македонија!
  
Со трпеливост и притисок врз Бугарија од другите држави на ЕУ и особено претседателството со Советот на министрите, не гледам друга причина која Бугарија не би можела да ја надмине.
  
Македонскиот јазик е меѓународно признат, а Македонија како членка на Обединетите нации е признта од светот како независна држава - дури и од Бугарија. Верувам дека Европската Унија сега ќе ги започне преговорите со Македонија како меѓународно призната држава. Внатрешните политички аргументи во Бугарија не треба да го спречат тоа.
  
За крај, се надевам дека во работата на Заедничката комисија, Македонија ќе ги препознае чувствата на Бугарија за прашања што не се од вистинска важност. Важно е да се добие членството во ЕУ! Примете ги моите најдобри желби, - рече на крајот амбасадорот Робин О’ Нил.
 

На прво место

News image

Добро чуваната тајна за производство на свила, во Европа ја пренесува Јустинијан I

Денес свиларството е изумрено во Македонија. Сепак, по повеќе децении постојат поединечни обиди да с...

Историја

News image

Одлука за кревање на востанието – прво и второ Софиско советување

Во јули 1902 година во куќата на Бојан Биолчев во Софија се одржала средба на која присуствувале: Го...

Иселеници

News image

ДЕЛ ОД ПЕЧАЛБАРСТВОТО НА ЧЛЕНОВИ НА СЕМЕЈСТВОТО ЈАНОВСКИ (11)

Co стапувањето во брак на Толе со Доста Јановска, семејств...

Култура и туризам

News image

Александар ДОНСКИ : ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ РОМАНОТ „КУРБАН“ ОД ВЕЛИКА ЏАНГАЛОВСКА ГАТСИС

Деновиве во издание на МЛД „Григор Прличев“ од Сиднеј (со издавачот Душан Ристевски) излезе од печ...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (49)

ГОЛЕМИ ПРЕСЕЛБИ НА СКИТИТЕ-ПРАСЛОВЕНИТЕ НА БАЛКАНОТ - НОВО ПРЕОБЛИКУВАЊЕ НА ПРАИСТ...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.