Петок, 15 Јануари 2021    PDF Печати Е-пошта
Каде се ветените вакцини од Грција и Бугарија?

2a

Каде се ветените вакцини од Грција и Бугарија? Зошто молиме, наместо да набавиме како што набавија Србија и Албанија

Неспособноста и неодговорноста на власта граѓаните ја плаќаат со своето здравје и своите животи. Венко Филипче и Зоран Заев наместо да обезбедат навреме вакцини за граѓаните беа посветени во градење куќи и набавки на златни лажици.

Затоа Македонија е 5-та земја во светот по смртност од КОВИД-19, и последна земја во Европа која ќе набави вакцини. Во услови кога над 87 илјади лица заболеа, а скоро 2.700 починаа во епидемијата, Заев и Филипче немаат абер да набават час поскоро вакцини.
Ја лажеа јавноста дека вакцините само што не дошле, дека Бугарија ќе ни донира, дека Грција набавува за нас, ама и Бугарија и Грција добија вакцини, а Македонија веќе во средина на јануари нема добиено ниедна вакцина.

Да потсетиме што лажеа Филипче и Заев:
-„Бугарија од секоја набавка на вакцини против КОВИД-19 ќе одвојува дел за нашата земја, кои ќе ги добиваме како донација“, најави министерот за здравство, Венко Филипче на прес-конференцијата по враќањето од Софија. Бугарија веќе ја очекува втората набавка на вакцини, а од првата немаме добиено ниту 0,1%.

- „Грција веќе нарача за нив (Вакцини), направи нарачка и за нас“- рече Заев уште минатата година, а пратката кај нашиот јужен сосед одамна пристигна, но нема никаква нарачка за нас.
Патем, Србија, Албанија и сите земји во Европа веќе набавија вакцини и отпочнаа со вакцинирање на своето население. Зошто Заев и Филипче не набавиле вакцини како што тоа го направија Албанија и Србија. Зошто сме доведени во ситуација да молиме вакцини од некого, наместо да постапиме како нашите соседи кои најдоа начин да го заштитат здравјето и животите на своите граѓани.

Заев и Филипче треба да понесат одговорност затоа што доцнат набавките на вакцини. Поради тоа секој ден заболуваат и умираат луѓе. Нивната неспособност чини нечие здравје и за тоа мора некој да сноси одговорност.

ВМРО-ДПМНЕ

 

На прво место

News image

Попис на Дијаспората !

  Можат да не бришат, можат да не кратат но ако се потпишеме масовно не ќе можат д...

Историја

News image

Родољуб Славин „намерност или грешка“: Македонската емиграција може да придонесе за афирмирањето на републиката во сит

„...Дека пророштвото на Солунски има далековидство никако не можеш да му откажеш на овој славен стар...

Иселеници

News image

СВЕТОЗАР (СВЕТЛЕ) – СТИВ СТАМЕВСКИ - МАКЕДОНСКИ БИЗНИСМЕН ВО САД (8)

СЛОГА ВО СЕМЕЈСТВОТО – КАРАКТЕРИСТИКА ЗА СТАМЕВЦИ  ...

Култура и туризам

News image

Куќа на Робевци во Охрид

Куќата на Робевци во Охрид се смета за едeн од најрепрезентативните објекти на градската архитектура...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (62)

ЗАКЛУЧОК КОН ЗАЕДНИЧКАТА ИСТОРИЈА И ИДНИНА 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.