Среда, 27 Јануари 2021    Печати
Педесет години Македонска нација

50-godini

Педесет години „Македонска нација“

ПОРТАЛОТ „ МАКЕДОНСКА НАЦИЈА“ ВО ОДБРАНА НА МАКЕДОНСКАТА НАЦИЈА

Да се потсетиме на еден значаен јубилеј на македонската миграција во Западна Европа. При крајот на месецов ќе се  навршат 50 години – златен јубилеј, од излегување од печат на миграционото списание „Македонска нација“ во Брисел. Тоа е поводот за присетување на овој значаен јубилеј не само за нашите во Европа, туку за сите Македонци во светот.

1971

Педесет  години изминаа од печатењето на првиот  број на мигранското списание  „Македонска нација“ .Ред е да се потсетиме на неговото печатење во Брисел, Минхен и во Гетеборг.

Велигден 1995 година со актерот Петре Темелковски се појдовме во Берлин на покана на Гојко Јаковлески, познат мигрант по псевдонимот Гоце Македонски. Тие денови во Берлин и во Троијздорф, близу Бон, со актерот Петре ги промовиравме моите книги „Македонија во комунистички триаголник„ и „Воскресение“, пред нашата македонска заедница. Гојко ми даде можност да ја видам неговата богата библиотека од книги, весници, списанија, пропаганден матерјал за борбата на македонската миграција за самостојна и независна Република Македонија, во македонското – југословенско време. Во рацете го имав комплет списанието „Македонска нација“.Списанието почнало да се печати во Брисел 1971 година, со првиот двоброј за  јануари – февруари. Тие го носеа мотото: „Списание за општествените работи и култура“. Четвртиот број излегол во јули – август 1971 година.

1doom

Списанието станало  орган на Ослободителниот комитет на Македонија (ОКМ). Со мотото: „Со единство за обединета и самостојна Македонија“. Понатаму на списанието ќе биде ставен симболот на ДООМ „За Трет Илинден – Вардарска, Егејска и Пиринска Македонија“. Главен редактор Драган Богдановски. Идејно и финанскиси  го подржува Гоце Македонски. Неговиот брат Манојил Мане Јаковлески, под псевдонимот Александар Македонски, ќе објави напис „Еден македонски пекол“, во бројот 36, 1977 година.

Како што е познато на 17 јуни 1990 година се одржа основачкото собрание на партијата ВМРО – ДПМНЕ. На тој датум и на овој ден 17 јуни 2009 година, во оваа сала, во просториите на МКЦ се наоѓаат Гоце Македонски, Манојил  Мане Јаковлески и Киро Кипроски, новинар и уредник во Радио Гостивар и соработник на весникот „Нова Македонија“. Се придружив на нивната идеја за да не згасне списанието „Македонска нација“ , да се печати во електронсак форма – портал во Република Македонија .

„Драго ми е што пред вас присутни во салата и пред македонската јавност го промовирам електронското списание. Тоа ќе остане знаменосец за борбата на македонскиот народ во демократска Република Македонија и негување на националниот дух на идните македонски генерации. Делови од списанието  ќе прочиа актерката Валентина Божиновска .

На крајот да споменат дека основач и главен и одговорен уредник на порталот „Македонска нација„ е Манојил Мане Јаковлески, а редакциски  го подготви новинарот Киро Кипорски. Во времето што е пред нас, порталот „Македонска нација“ се наоѓа во исклучителен предизвик по промената на државното име, во одбрана да нè исчезне македонската нација и деградирање на македонската држава на Балканот.

1stavre.gojko

Фото: Ставре Џиков и Гојко Јаковлески

1 35

Ставре Џиков и Мане Јаковлески-пред Ресторан „Ново Скопје“ во Берлин

1Mane Stavre Petre pred novo Skopje-Berlin

Ставре Џиков, Петре Темелковски и Мане Јаковлески-пред Ресторан „Ново Скопје“ во Берлин

Потсет – Ставре Џиков-  Јануари – 2021 година 

Зошто Македонска нација 1971 г.Драган Богдановски:http://mn.mk/zosto-makedonska-nacija-1971

Зошто Македонска нација 2009 г. Мане Јаковлески:http://mn.mk/zosto-makedonska-nacija-1971