Сабота, 16 Јануари 2021    PDF Печати Е-пошта
Се претвора ли македонското здравство во неетички проект на „Ангелот на смртта“, германскиот лекар Менгеле?

Се претвора ли Министерството на Филипче во експеримент на Менгеле

Траумата на родилката од Дебар која што отиде на породување во Струга кај гинекологот Мухамед Асанни, а дома се врати без матка, еден јајник и без бубрег несомнено ја отсликува реалната состојба на македонското здравство.

Ќе одговара ли некој за неодговорното справување со родилката која изгуби три органи поради лекарска негрижа или пак неискуство?

Имено, директорот и гинеколог на струшката болница, Мухамед Асани кој врши и приватна гинеколошка пракса во својот дом и покрај договорот со родилката Веапоска тој да го изврши породувањето со царски рез, породувањето му го предал на неговиот син.

По извршената процедура родилката иако имала болки и крварење кое не запирало, докторот Мухамед Хасани инсистирал дека ако си оди дома ќе и биде подобро, па и побарал според сведочењето на сопругот 100 евра за породувањето и по 50 евра за анестезиологот и асистентот.

Откако се влошила ситуацијата на Веапоска сепак било одлучено да ја оперираат, но наместо еден час, операцијата траела 7 часа и триесет минути, а на пациентката која претходно немала никакви здравствени проблеми и биле отстранети матката и еден бубрег.

Се претвора ли македонското здравство во неетички проект на „Ангелот на смртта“, германскиот лекар Менгеле? Ќе понесе ли Филипче одговорност за секојдневните неправилности во болниците, нехуманите услови во кои се третираат пациентите? Ќе допре ли барањето на Алијансата за Албанците до Министерството за здравство и Комората на лекарите да формираат соодветни комисии и да ја надгледуваат стручната работа на лекарите и да откријат каква било можна грешка на лекарот во конкретниот случај?

Во секоја држава во која што функционираат институциите немаше да се чекаат 4 месеци за сторијата да излезе на виделина, одговорниот лекар веќе ќе одговараше за постапките. Во Македонија институциите си ја префрлаат топката и се прогласуваат за ненадлежни.

До сега немаше реакција од министерот Филипче ниту од неговото министерство.

Повеќе од четири месеци нема никаков извештај ниту Министерството за здравство, ниту од Државниот инспекторат.

https://lider.com.mk/makedonija/se-pretvora-li-ministerstvoto-na-filipche-vo-eksperiment-na-mengele/

 

На прво место

News image

Христијан Мицкоски : Заев е мафијаш

  Христијан Мицкоски: Нема човек кој е задоволен од оваа Влада и затоа сите граѓ...

Историја

News image

Родољуб Славин „намерност или грешка“: Македонската емиграција може да придонесе за афирмирањето на републиката во сит

„...Дека пророштвото на Солунски има далековидство никако не можеш да му откажеш на овој славен стар...

Иселеници

News image

СВЕТОЗАР (СВЕТЛЕ) – СТИВ СТАМЕВСКИ - МАКЕДОНСКИ БИЗНИСМЕН ВО САД (8)

СЛОГА ВО СЕМЕЈСТВОТО – КАРАКТЕРИСТИКА ЗА СТАМЕВЦИ  ...

Култура и туризам

News image

Куќа на Робевци во Охрид

Куќата на Робевци во Охрид се смета за едeн од најрепрезентативните објекти на градската архитектура...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (62)

ЗАКЛУЧОК КОН ЗАЕДНИЧКАТА ИСТОРИЈА И ИДНИНА 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.