Среда, 27 Јануари 2021    PDF Печати Е-пошта
Христијан Мицкоски : Нека е честит големиот празник Свети Сава!

1HM111

Мицкоски со честитка: Св. Сава треба да не обединува во напорите за подобар живот и крај на политичката кариера на оние кои носат поделби, угнетување на заедниците и нееднаквост

Дозволете ми во мое име и во името на ВМРО-ДПМНЕ на сите припадници на српската етничка заедница во Република Македонија да ви го честитам големиот христијански празник Свети Сава.

Веќе 14 години кога по иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ, а со конструктивна и срдечна поддршка на претставниците на српската заедница, заеднички решивме да го установиме овој празник и за прв пат во нашата современа историја како држава и Србите да добијат свој официјален празник и датум за прослава.

Ако во Република Македонија тоа се Свети Кирил и Методиј, во Србија и помеѓу српскиот народ тоа е Свети Сава, првиот српски архиепископ и деец кој оставил траен белег во негувањето и ширењето на христијанска мисла на Балканот. Од овие причини, но и од почит кон српскиот народ, овој ден го одбележуваме како празник на српската заедница во Република Македонија.

Српската заедница е нераскинлив дел од македонското општество со својата култура и традиција придонесува за збогатување на нашето мултикултурно општество и градење на соживот и мостови на доверба и пријателство во Република Македонија.

Сите ние заедно ја живееме денешната реалност на тежок живот, сиромаштија и разочарувања. Затоа преку меѓусебна почит ние мораме да се обединиме и да донесеме промени и да ја обновиме нашата заедничка татковина за да создадеме подобра држава и подобра иднина за нас и нашите идни генерации. Празникот Св. Сава треба да не обединува во напорите за подобар живот, решавање на заедничките проблеми и крај на политичката кариера на носителите на власта кои носат поделби, угнетување на заедниците и нееднаквост.

Нека денешниот ден ви донесе многу здравје, радост и благосостојба вас и на вашите семејства.

Нека е честит големиот празник Свети Сава!

Христијан Мицкоски,

Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

 

На прво место

News image

Христијан Мицкоски : Заев е мафијаш

  Христијан Мицкоски: Нема човек кој е задоволен од оваа Влада и затоа сите граѓ...

Историја

News image

Родољуб Славин „намерност или грешка“: Македонската емиграција може да придонесе за афирмирањето на републиката во сит

„...Дека пророштвото на Солунски има далековидство никако не можеш да му откажеш на овој славен стар...

Иселеници

News image

СВЕТОЗАР (СВЕТЛЕ) – СТИВ СТАМЕВСКИ - МАКЕДОНСКИ БИЗНИСМЕН ВО САД (8)

СЛОГА ВО СЕМЕЈСТВОТО – КАРАКТЕРИСТИКА ЗА СТАМЕВЦИ  ...

Култура и туризам

News image

Куќа на Робевци во Охрид

Куќата на Робевци во Охрид се смета за едeн од најрепрезентативните објекти на градската архитектура...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (62)

ЗАКЛУЧОК КОН ЗАЕДНИЧКАТА ИСТОРИЈА И ИДНИНА 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.