Сабота, 20 Февруари 2021    PDF Печати Е-пошта
Малчески: „Конгресот“ во март е нестатутарно свикан и ќе нема никакви правни импликации во работењето на ВМРО ДПМНЕ

Малчески: „Конгресот“ во март е нестатутарно свикан и ќе нема никакви правни импликации во работењето на ВМРО ДПМНЕ

 
Македонска општествено-политичка хипокризија, пишува Самоил Малчевски на социјалните мрежи
 

Во последните неколку недели после појавувањето на т.н. Иницијативен одбор во Македонскиот општествено-политички живот се случува една голема хипокризија!
Имено, една група од т.н. новинари и „интелектуалци“ во своите емисии, брифинзи, дневни и неделни колумни, профили на социјални медиуми упорно ја промовираат желбата за „Конгрес“ во ВМРО ДПМНЕ на т.н. Иницијативен одбор.
Веќе пишував за тоа дека истиот е нестатутарно свикан и дека тоа на крај ќе нема никакви правни импликации во работењето на ВМРО ДПМНЕ!
Но, она што зачудува е однесувањето на погоре споменатите особи. Имено се сеќавам дека во не така далечното минато 2013-2017 со голем дел од нив сум дебатирал по разно разни емисии за состојбите во Република Македонија и генерално сме делеле исти или слични ставови.
Од денешна перспектива, јас сеуште сум на тие мненија, но посочената господа како да заборави за што се „бореше“, пишуваше, дебатираше итн., а подоцна и ги мереше улиците по Скопје и градовите во т.н. шарена револуција, формираа пленуми итн.
Зачудува фактот како одеднаш тие за кои имаа најлоши зборови, па им се гадеше од нивните постапки, се жалеа од „репресијата“ која им се случувала, паѓаа во транс од т.н. бомби и што уште не, станаа демократи и се светла иднина за демократските процеси во Република Македонија и пази молим те може да бидат достојна опозиција.
Јас стварно не разбирам, толку ли се слатки буџетските пари што предизвиквуаат такво просветлување, дури толку големо што ги тера да прават будали од себе?
Кога овие луѓе лажеа/фолираа? Кога наводно се бореа за демократија или сега кога за нив демократски капацитет се криминалците од претходната власт?

Дали јас сум задоволен од моменталните случувања во ВМРО ДПМНЕ?
Секако дека не сум! Имам многу причини зошто не сум, но, секако дека алтернатива на тоа не се криминалците и уличарите од претходната власт (секоја чест на неколкуте исклучоци, некој треба сериозно да размисли зошто тие луѓе се нашле баш таму), заради кои:
ВМРО ДПМНЕ го претворија во ДОО;
бевме прогласени за заробена држава (не дека сега е нешто поинаку);
добивавме извештаи од ЕК какви што добивавме (не дека сега е нешто поинаку);
добивме извештај од Експертската група предводена од Прибе каков што добивме (точка и запирка не е исполнет од него, напротив сите го заборавија);
се појавија ботовите и говорот на омраза на социјалните медиуми стана секојдневие (не дека сега е нешто поинаку);
си поиграа со чувствата на многу чесни и искрени патриоти, дел од нив се уште по затвори заради настаните од 27ми април (#ХибриденРежим во напор да си ја спаси коалицијата со криминалците од претходната власт врши невиден прогон на луѓето и нивните фамилии, креаторите и наредбодавателите се шетаат на слобода);
ги измислија контрапротестите и го молтретираа искреното и чесно партиско членство;
на грбот на чесното и искрено партиско членство станаа милионери, а некои и милијардери;
вршеа невиден прогон на неистомислениците (не дека сега е нешто поинаку);
ни се случи најголемата афера, прислушкувањето (не дека сега е нешто поинаку);
слушнавме многу гадотии во т.н. бомби (не дека сега е нешто поинаку);
итн.

Оттука, опозицонерски настроени новинари и „интелектуалци“ до 2017, а од 2017 година наваму верни слуги на #ХибриденРежим доколку имате огледала по дома седнете погледајте се во огледало.
Ако ви е срам (се разбира доколку го имате, во спротивно важи онаа Фројдовската) да се погледнете во огледало побарајте ваши емисии, колумни, статуси на социјални медиуми итн. од пред 2017 година.
Не е лошо да си прочитате и да видите што во суштина вие браните/промовирате во овој момент!
Главата горе!
Македонија ќе биде слободна и демократска држава, борбата продолжува!, пишува Малчески.

https://lider.com.mk/makedonija/malcheski-kongresot-vo-mart-e-nestatutarno-svikan-i-kje-nema-nikakvi-pravni-implikacii-vo-rabotenjeto-na-vmro-dpmne/

 

На прво место

News image

Христијан Мицкоски : Заев е мафијаш

  Христијан Мицкоски: Нема човек кој е задоволен од оваа Влада и затоа сите граѓ...

Историја

News image

Родољуб Славин „намерност или грешка“: Македонската емиграција може да придонесе за афирмирањето на републиката во сит

„...Дека пророштвото на Солунски има далековидство никако не можеш да му откажеш на овој славен стар...

Иселеници

News image

СВЕТОЗАР (СВЕТЛЕ) – СТИВ СТАМЕВСКИ - МАКЕДОНСКИ БИЗНИСМЕН ВО САД (8)

СЛОГА ВО СЕМЕЈСТВОТО – КАРАКТЕРИСТИКА ЗА СТАМЕВЦИ  ...

Култура и туризам

News image

Куќа на Робевци во Охрид

Куќата на Робевци во Охрид се смета за едeн од најрепрезентативните објекти на градската архитектура...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (62)

ЗАКЛУЧОК КОН ЗАЕДНИЧКАТА ИСТОРИЈА И ИДНИНА 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.