Сабота, 29 Мај 2010    Печати
Церемонија за промена на државните знамиња поставени пред Владата на Република Македонија
znaminja-ceremonija
Со интонирање на македонската химна, припадниците на Батаљонот за почести и опслужување  и Воениот оркестар на АРМ,  во присуство на министерот за одбрана Зоран Коњановски и вицепремиерот Васко Наумовски, денеска извршија церемонија за промена на државните знамиња поставени пред Владата на Република Македонија.

Oваа церемонијата  е во рамките на проектот  на Министерството за одбрана,  „Ден на знамето“ за церемонијална  промена на државните знамиња  поставени пред македонското Собрание, Владата и Кабинетот на Претседателот на Република Македонија.

Пред 15 дена за прв  пат беа сменети државните знамиња пред зградата на Собранието, а за две недели со ваква церемонија ќе биде променето знамето пред Кабинетот на Претседателот на државата.