Понеделник, 22 Февруари 2021    PDF Печати Е-пошта
Ламбе Арнаудов: Заев! Да беше паметен, како што НЕ СИ, ќе избегаше и ТИ

1 Lambe

Ламбе Арнаудов

Вака, Зоране те жалам. После толку многу бегства, сигурен сум некој ќе застане и ќе го запре овој лесен проток и ќе го затрупа тунелот за бегство на должниците на Македонија и македонскиот народ од местото на злосторството.

Сега и да сакаш да избегаш, веќе е доцна. Други се луѓето што деноноќно бдеат за да можеш да си дозволиш таков луксуз. Премногу си ТЕЖОК за да минеш низ тесните патеки, во мини глисерчињата или дрвени несигурни мостови.

Првостепено “значаен“ си за да те пуштиме. Како најдобар пример ќе биде твојот случај со кој ќе потврдиме дека ги унапредуваме реформите во правосудството и сузбивање на корупцијата во замена за брзо отпочнување на преговорите за полноправно членство во Европската Унија.

Со повидлив и толку снажен напредок во областа на реформите на правосудството, не може да се пофали ниту една земја членка на ЕУ на која што како основна домашна задача ӣ била како приоритетна доделена баш оваа реформа.

Непремостливите проблеми во меѓу соседските односи сега губат на значење и се фрлени во втор план.

Ти и твоите не-дела ќе бидете главен адут за нашиот преговарачки тим при отворањето на главното поглавје 23 што гарантира конечно членство. Односно баш твоето изведување пред лицето на правдата ќе биде доказ за нашата цврста решеност успешно да се справиме со корупцијата и конечно да станеме правна држава со сите нишани како што прилега на земја членка на ЕУ.

Да го правеше ова намерно, немаше толку добро да ја одиграше улогата.

Илјади лаги, предавства, понижувања и сиромаштија и донесе на Македонија, каде што смртта прави карневал, се шета и забавува по улиците на градовите во нашата од ТЕБЕ напатена татковина Македонија.

Што мислеше? Сама е Македонија. Бришан простор? Без заштита? НЕ !

Македонскиот народ не го боли нешто што не знае, силно и неподносливо го боли тоа што не може да заборави. Тебе и твоите злодела никогаш нема да ти ги заборави, затоа ти го доверува да те чува и обезбедува македонскиот народ кој ти толку многу го задолжи. Ќе те чува како писано јајце додека не бидеш изведен пред судот на правдата.

Гравитациската сила на ВМРО-ДПМНЕ на чело со вистинскиот Лидер Христијан Мицкоски создава и надградува неосвоива тврдина што ќе ги одбие нападите на антинародните  грешници предводени од тебе, а потоа во контранапад ќе ве дотолчи да не знаете каде да бегате.

За вас, наивните но и многумина интересџии, лицемерни, заеви вмровци, еве ви последна прилика, да не ви биде простен гревот, туку да ви се прости на вас грешниците. Поправен нема. Скокајте од бродот додека е време кој ве води на пат без враќање.

П.С. Денес го сретнав човекот кој е бард на македонското новинарство и го прашав: Како гледаш на работите и состојбите во Македонија? Нема поправка ниту излез за Македонија – ми одговори.

Сосема погрешен одговор. Сигурно од ваква состојба не може да се оправи ни многу посилна и побогата држава од нашава. Дискутабилно би било и за најсилната.

Ама не за МАКЕДОНИЈА!

Само Македонија го има единствениот ангел чувар кој со векови стои на десното раме и ја чува и заштитува, ВМРО-ДПМНЕ.

МАКЕДОНИЈА, ВМРО-ДПМНЕ и ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ СЕ НОВОТО СВЕТО ТРОЈСТВО ЗА ИЗБАВУВАЊЕ НА ТАТКОВИНАТА И НАРОДОТ!

 

На прво место

News image

Христијан Мицкоски : Заев е мафијаш

  Христијан Мицкоски: Нема човек кој е задоволен од оваа Влада и затоа сите граѓ...

Историја

News image

Родољуб Славин „намерност или грешка“: Македонската емиграција може да придонесе за афирмирањето на републиката во сит

„...Дека пророштвото на Солунски има далековидство никако не можеш да му откажеш на овој славен стар...

Иселеници

News image

СВЕТОЗАР (СВЕТЛЕ) – СТИВ СТАМЕВСКИ - МАКЕДОНСКИ БИЗНИСМЕН ВО САД (8)

СЛОГА ВО СЕМЕЈСТВОТО – КАРАКТЕРИСТИКА ЗА СТАМЕВЦИ  ...

Култура и туризам

News image

Куќа на Робевци во Охрид

Куќата на Робевци во Охрид се смета за едeн од најрепрезентативните објекти на градската архитектура...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (62)

ЗАКЛУЧОК КОН ЗАЕДНИЧКАТА ИСТОРИЈА И ИДНИНА 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.