Вторник, 02 Март 2021    PDF Печати Е-пошта
Христијан Мицкоски: Оваа Влада не е способна прегорена улична сијалица да смени, а не пак да организира сложена статистичка операција попис
72402384
 
Уште при првиот ден на евидентирање на дијаспората се случи крах на апликацијата, прво системот падна, слично како и училишниот он-лајн систем, а потоа во истиот можеше да се попише било кој со лажни и измислени податоци.
 
Се покажа дека од дијаспората може да се попише секој граѓанин кој живее во Македонија, а тоа докажува дека Владата и Заев како и за сѐ друго не се способни да спроведат било каков процес.
Не би ме зачудило ако на крај се евидентираат неколку десетици милиони нашинци од дијаспората. Полека но сигурно, пред очи имаме уште еден циркус.
 
Пописот во Македонија е закажан да почне на 1 април. Ова што се случува со евидентирањето на дијаспората е електронски метод, што како методологија го предлагавме ние, но и тогаш и сега баравме тој да започне откако ќе се постават сите заштити на системот.
 
Мојот повик за евидентирање на дијаспората се однесува на регистрирање на државјанствата, и тие не влегуваат во резидентното население. Оттука треба да престанат сите спинови, подметнувања и манипулации на Владата.
 
До почетокот на пописот во Македонија 1 април има можност, а ние ќе поднесеме закон за поништување на пописот. Овој закон кој ќе го поднесеме покрај потписите на пратениците поднесувачи ќе го има кредибилитетот и на над 100 илјади граѓани кои се потпишаа со име и презиме за запирање на пописот.
 
Новиот бран на ковид-19 вирусот и неспособната Влада се гаранција дека или ќе биде одложен пописот на резидентното население, или ќе биде уште еден неуспешен обид на Владата.
Оваа власт е способна само за крадење и криминал, сѐ останато пропушти да го направи. Тоа ќе го смениме со смена на Владата.
 

На прво место

Историја

News image

Го подготвувале народот за идната Голема Македонија

Оваа Дружина припаѓа кон денешниот преовладувачки словенски елемент, дека името на тој елемент му е ...

Иселеници

News image

ИЛИНДЕН – НАЈСВЕТЛИОТ ДАТУМ ВО ИСТОРИЈАТА НА ПЕЧАЛБАРСКА ПРЕСПА И ЉУБОЈНО (2)

Илинден е најголемиот ден на слободарскиот дух од сите ден...

Култура и туризам

News image

МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА РОМИТЕ 8 АПРИЛ И НИВНИОТ РАЗВОЈ ВО СВЕТОТ

Меѓународниот ден на Ромите 8 Април се слави, речиси, во сите места во Република Македонија, каде&...

Фељтон

News image

ИСТОРИСКИ ДОКАЗИ ЗА ВИСТИНАТА НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (5)

Во Воведот на публикацијата „Историја на македонскиот народ од антички времиња до ...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.