Петок, 26 Март 2021    Печати
Христијан Мицкоски : ВМРО-ДПМНЕ ќе ги повика граѓаните да си го заштитат здравјето

Мицкоски: Ќе го повикам народот да не отвора врата на попишувачите ако здравствено не се обезбеди процесот, здравјето нема реприза

Мицкоски: Ќе го повикам народот да не отвора врата на попишувачите ако здравствено не се обезбеди процесот, здравјето нема реприза

Во “Што не е јасно” на Алфа телевизија вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски истакна дека здравјето нема цена и затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе повика граѓаните да си го заштитат здравјето. Ако граѓаните се чувствуваат небезбедни да не отвораат врата. Чиста глупост се дека тие што нема да отворат врата ќе добијат кривични пријави, тоа ништо не важи и народот не треба да се плаши, изјави Мицкоски.

-За да дојде некој кај мене дома и јас да му отворам врата за да се попишам, мора тој да биде имунолошки подготвен. Ако пописот почнува на 1-ви април, тогаш тој нема да биде имунолошки подготвен. И јас вратата нема да ја отворам и не само јас, туку и стотици наши граѓани. Тогаш ние нема да добиеме правилни податоци од овој попис. Тогаш зошто трошиме пари. Зошто правиме попис ако податоците што ќе ги добиеме не се податоци кои што нас ни се потребни за да понатаму го планираме развојот на Македонија, посочи Мицкоски.

Луѓето нема да отвораат врата за да се попишуваат. Еве јас ќе бидам тој кој нема да отворам врата, моите родители ќе бидат, рече Мицкоски.

-Едноставно не сакаат, покрај мене и моите родители поминаа исто така низ еден тежок период. Ако вие не сте мудар и немате елементарно чувство за здравјето на луѓето и за човечките животи, тогаш вие не заслужувате воопшто човек да ви придава значење. Им кажавме ние, но тие не разбираат и во понеделник ќе имаме една тема помалку за разговор. Јас и илјадници, стотици граѓани нема да отвориме врата, а нека си тераат Венко, Заев и директорот на ДЗС Апостол Симовски попис па, ќе видат како ќе заврши тој попис, посочи Мицкоски.

Според него, пописот во дијаспората не е ни за спомнување. Затоа што тоа не е ни попис. Тоа е евидентирање на дијаспората.