Среда, 07 Април 2021    PDF Печати Е-пошта
ВЕЛИГДЕНСКО ПРАЗНУВАЊЕ ВО КАТОЛИЧКАТА ЦРКВА „ПРЕСВЕТО СРЦЕ ИСУСОВО“ ВО СКОПЈЕ

1veli

ХРИСТОС ВОСКРЕСНА – НАВИСТИНА ВОСКРЕСНА 

Католичката црква која ги обединува верниците со римокатоличка вероисповед и верниците со источен православен обред во Република Македонија го прослави најголемиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, на кој чинодејствуваше бискупот д-р Киро Стојанов

Најголемиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден во Република Македонија Католиците традиционално го слават во црквата „Пресвето срце Исусово“ во Скопје. По тој повод во саботата на 3 април 2021 година се одржа света Велигденса литургија која ја служеше бискупот скопски и епарх струмичко-скопски д-р Киро Стојанов, во сослужение на бројни свежтенослужители и Црковниот хор од Католичката црква. 

Поради пандемијата со ковид-19, прославите на најголемиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден. присуствуваа  ограничен број верници, а литургиите се одржаа под посебни протоколи, согласно мерките за заштита од ширење на коронавирусот.

Бискупот скопски и епарх струмичко-скопски Киро Стојанов им го честиташе Велигден на католичките верници и на литургијата ја прочита воскресната проповед, во која се вели:

-Драги браќа и сестри, се надевавме дека Велигден оваа година нема да биде оптоварен од пандемијата Ковид-19 како што тоа беше случај минатата година во ова време и дека ќе може да го славиме свечено во нормални услови, но еве и оваа година овој голем христијански празник мора да го прославиме во истите околности како и пред една година, внимателно и со сите мерки на претпазливост да се заштитиме едни од други од можна инфекција. Дури и Светиот Престол објави дека и оваа година папата Фрањо Велигден ќе го слави во празната базилика Свети Петар заради многу ограничениот број верници. 

1veli1Бискупот скопски и епарх струмичко-скопски д-р Киро Стојанов 

Свесни сме дека короната влијае на многу членови од нашиот народ и на многу семејства во нашата заедница. Најтешко им е на оние кои ги изгубиле своите најблиски затоа што не успеале да се изборат за уште некој додатен здив и да ја надминат оваа подмолна болест, но го предале својот дух на бесконечната милост на небесниот Отец. Вистина, ние сме, како сите суштества на земјата, и без оваа болест подлежни на минливост. Иако се обидуваме некако да го истуркаме тоа од нашите мисли, можеби убедувајќи се дека тоа ќе дојде некогаш, но за волја на вистината, сè уште не, сепак сме постојано изложени на опасност од смрт која виси над нашите глави. 

Драги браќа и сестри, Исус со својата победа над гревот и смртта и со своето воскресение од мртвите, ни даде нов, неуништлив живот и на тој начин ги наполни небото и земјата со голема радост.

Велигденската радост ги исполнува и нашите срца. Секој што верува во Христовото воскресение, веќе совоскреснал со Него. Тој знае дека кревкоста на постоењето, и дека страдањето и смртта го немаат последен збор. Исто така знае дека со Христовата смрт и воскресение злото е надминато засекогаш, дека се скршени оковите на подземниот свет и дека сме извадени од ропството на гревот и смртта како слободни деца Божји. Така, смртта веќе не е страшило што ќе нè исполни со ужас, зашто Бог нè повика на живот и тој исто така, еден ден, кога ќе се врати во слава, ќе ги преобрази нашите тела и ќе ги придружи на своето славно тело. Кој е Христов, нема од што да се плаши. Затоа што самиот Исус порачува: „Не плашете се!“ Среќен и благословен празник Воскресение Христово – Велигден!, рече бискупот скопски и епарх струмичко-скопски Киро Стојанов.

1veli2Католичката црква „Пресвето срце Исусово“ во Скопје

Инаку, Като­лич­ка­та црква во Македонија е една црк­ва со два об­реда, поради што се вика Католичка, што значи оп­­шта, од­носно заед­нич­ка црква. Според тоа, като­лич­ки­те верници и хра­мови од источен об­ред во Ре­пуб­ли­ка Македонија се присутни нај­мно­гу во струмичкиот крај, од­носно, во градот Струмица, во Радово, во Но­­ва Ма­ала, како и во Гев­г­елија, Богданци и Стојаково, доде­ка ка­то­ли­ци­­те од рим­скиот обред се нај­бројни во Скоп­је, Битола, Охрид и во други места.

Во текот на повеќе векови, христијаните во Ма­кедонија, како и на другите ближни и далечни просто­ри исповедувале заедничка и оп­што­прифатена вера, што збо­рува дека и Православната и Католичката црква ег­зи­стираат на овие простори од тогаш до денес. Меѓу­тоа, поради различните култури, начинот на разми­слу­вање и други причини, по­дел­бата на православни и ка­толици во смисла на верска поделеност, како и во светот така и во Македонија, постои од 1054 година.

Во борбата за црковно ослободување од ели­нис­тичкото влијание, покрај националниот дух кај ма­ке­донскиот народ се буди и духот за црковна независност од Цариградската патријаршија. По неуспешното ба­­­рање сојузник во разни независни цркви, обидот за ос­­ло­бодување од јурисдикцијата на Цариградската па­три­­јаршија завршува со унијата, од­нос­но соединување со Католичката црква во 1859 година.

А, унијатство­то во Ма­кедонија, термин што во последно време е заме­нет со сое­ди­ну­ва­­ње се појавило како резултат на опште­ствените, економско-поли­тич­ки­те, социјалните, кул­тур­ните, црковните, образовните и други (не)при­ли­­ки. За­тоа, Македонците често се обраќале до римските папи за по­кро­­вителство преку прифаќање на црковната ју­рисдикција на Римо­ка­то­личката црква, а со цел да се ос­ло­бодат од Цариградската патријар­ши­ја. Својата кулминација ова движење ја постигна во педесетите годи­ни од 19-от век.

Инаку, првата унијатска црква, односно Католичката црква од ви­зан­тиско-словенски обред во Македонија, е формирана во Кукуш во 1859 го­дина, позната како Ку­кушка унија или Кукушко соединување, во која членува­ле голем број видни македонски преродбеници. Тоа, всушност, било движење за отворање на училишта на македонски јазик, или на јазикот на кој зборувале Македонците во кукушко-солунскиот регион. Уни­јат­ството, односно соединувањето било движење за еман­ципација и ослободување од грцизмот, односно црков­но-просветно движење про­тив грцизмот што во тој пе­ри­од имал широки размери во Македонија.

Денешната Католичка црква со источен обред во Ре­публика Македонија на чело со бискупот д-р Киро Стојанов е организирана во пет енории и три филијали и тоа: во Богданци, Гев­ге­лија со филијала во Стојаково, Нова Маала со фи­лијала во Чанаклија, потоа Радово, како и Струмица со фи­ли­јалата во Петралинци.

Инаку, прославата на најголемиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден се одржува во Ерусалим – градот на Христовите маки, смрт и воскреснување. Тоа е град кој во текот на последните два милениуми не е врзан поимот мир. Ниту на едно свето место во светот не потекле толку потоци крв како овде. Никаде толку жестоко не се борело, никаде толку длабоко не се мразело и напаѓало како во овој свет град што е сместен на ладните и сиви карпи на планината Јуда. Трите светски религии – еврејската, христијанската и муслиманската, од градот направиле центар на раздорот. Истовремено, никаде не се кажале толку многу молитви како во Ерусалим.

1veli3Црквата на Светиот гроб во Ерусалим 

Основно значење на зборот црква е „народ“. Црквата е народ Божји повикан да го сознае живиот Бог, да го љуби и да му служи. Ним Исус Христос им го доверил светото библиско откровение и затоа Црквата е „столбот и темелот на вистината“. Иако Црквата самиот Бог ја повикал на постоење, неа ја сочинуваат обичните луѓе, чии погледи се обоени со духот на нивното време

Исусовото вистинско послание е разбрано дури по неговата смрт и неговото воскресение. Имено, тој повикувал на вера и преданост и настапувал како конечен судија за човечката судбина. Не објавувал само простување и спасение, туку со својот живот, страдање и смртта и го постигнал тоа!

Исус Христос е гласникот, ама е и срцето на пораката. Тој ги повикувал луѓето кај Бога. Тој самиот е тој пат до Бога. Почитувањето на Исус Човекот како Син Божји не извирало од некоја вообразена побожност по неговата смрт, туку во длабокиот впечаток што тој го оставил на своите ученици во трите години на своето дејствување. Неговото воскреснување ја продлабочило и ја потврдило таа увереност. Без сомневање во неговата реална човечност, следбениците сфатиле дека Исус Христос чекорел со Господ.

Животот, учењето и смртта на Исус ќе означат нова страница во историјата на човештвото. Во време кога Евреите го оплакуваат уривањето на Храмот, учениците на Исус од Назарет веќе го шират новото, христијанско учење. Ерусалим, градот на Исусовото страдање, смрт и воскресение, до денес ќе остане најголемо светилиште во христијанството. Затоа, секоја година повеќе од еден милион христијани од сите делови на светот доаѓаат во Ерусалим.

На Велики петок, пред Велигден, река луѓе минува низ Виа Долороса, по стапките на Синот Божји, на патот кон Голгота. На местото на распнувањето и смртта на Исус се наоѓа Црквата на Светиот гроб, позната уште како Црква на Воскресението, единственото место под небесната капа каде што во исто време можат да се сретнат на молитва верниците од различни христијански заедници.

Во Ерусалим е напишана највозбудливата приказна на нашата цивилизација. Тука Бог им се прикажал на луѓето, за првпат, во човечка лика. Тука вечниот живот ја победил смртта. Денес, во свеста и верувањето на милиони христијани Ерусалим е местото од каде што сè почнува и сè ќе заврши, на Судниот ден.

1slave 1 Пишува:СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

Историја

News image

Го подготвувале народот за идната Голема Македонија

Оваа Дружина припаѓа кон денешниот преовладувачки словенски елемент, дека името на тој елемент му е ...

Иселеници

News image

ИЛИНДЕН – НАЈСВЕТЛИОТ ДАТУМ ВО ИСТОРИЈАТА НА ПЕЧАЛБАРСКА ПРЕСПА И ЉУБОЈНО (2)

Илинден е најголемиот ден на слободарскиот дух од сите ден...

Култура и туризам

News image

МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА РОМИТЕ 8 АПРИЛ И НИВНИОТ РАЗВОЈ ВО СВЕТОТ

Меѓународниот ден на Ромите 8 Април се слави, речиси, во сите места во Република Македонија, каде&...

Фељтон

News image

ИСТОРИСКИ ДОКАЗИ ЗА ВИСТИНАТА НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (5)

Во Воведот на публикацијата „Историја на македонскиот народ од антички времиња до ...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.