Среда, 07 Април 2021    PDF Печати Е-пошта
Спасовски и Заев се на врвот на аферата „Мафија“, тие овозможиле логистика за нарко - босови

2a 2

ВМРО-ДПМНЕ : Спасовски и Заев се на врвот на аферата „Мафија“, тие овозможиле логистика за нарко - босови, а денес одговорноста ја префрлија на обични службеници

Спасовски и Заев ја потценуваат интелигенцијата на народот и мислат дека ќе му продадат приказна, дека некој службеник од пасошко одделение ги познава нарко-босовите Пекер и Вукотиќ и може да им издаде пасош со друг идентитет, без за тоа да нема логистика од цела вертикала во МВР до Спасовски, а притоа за тоа да е информиран Зоран Заев.

Според информациите од билтен на МВР Седат Пекер бил протеран од Македонија на 19-ти јануари годинава, а четири дена потоа се сликал за лична карта во полициска станица.

Како Пекер кој бил протеран, дошол повторно во Македонија, каде и како ја поминал границата, и како е возможно да помине преку цело Скопје незабележан?

Не е возможно Пекер кој го гледавме на социјалните мрежи како низ Скопје се шеташе со 20 луѓе обезбедување, да помине низ Скопје, а МВР за тоа да не знае.

Иста е и ситуацијата и со Јован Вукотиќ. Кој поминал неколку граници со македонска патна исправа, а на сведочење во суд во Белград, кажал дека истиот го добил легално од МВР.

Кој и како ги договарал овие нарко - босови и колку чини македонскиот пасош продаден на криминални структури од Балканот и светот?

Што се правеле овие криминални структури со македонскиот идентитет и дали овие идентитети биле злоупотребени за убиства, перење на пари, и други кривични дела?

Истрага по закон трае максимум 18 месеци. Преку 40 месеци Оливер Спасовски не мрднал со прст за тоа како Вукотиќ добил македонски пасош за кој во Србија веќе одлежа затвор.

Спасовски и Заев се на врвот на аферата „Мафија“, тие овозможиле логистика за нарко - босови, а денес одговорноста ја префрлија на обични службеници. На тој начин тие признаваат дека се главните виновници.

 

На прво место

Историја

News image

Го подготвувале народот за идната Голема Македонија

Оваа Дружина припаѓа кон денешниот преовладувачки словенски елемент, дека името на тој елемент му е ...

Иселеници

News image

ИЛИНДЕН – НАЈСВЕТЛИОТ ДАТУМ ВО ИСТОРИЈАТА НА ПЕЧАЛБАРСКА ПРЕСПА И ЉУБОЈНО (2)

Илинден е најголемиот ден на слободарскиот дух од сите ден...

Култура и туризам

News image

МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА РОМИТЕ 8 АПРИЛ И НИВНИОТ РАЗВОЈ ВО СВЕТОТ

Меѓународниот ден на Ромите 8 Април се слави, речиси, во сите места во Република Македонија, каде&...

Фељтон

News image

ИСТОРИСКИ ДОКАЗИ ЗА ВИСТИНАТА НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (5)

Во Воведот на публикацијата „Историја на македонскиот народ од антички времиња до ...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.