Понеделник, 11 Октомври 2021    PDF Печати Е-пошта
Христијан Мицкоски : За многу години 11 Октомври
1Hristijan Micko
 
11 Октомври е врежан во колективната меморија на Македонија, ден кога слободољубивоста поведе и потоа победи. Ако некои народи велеа дека е подобро да се живее на колена, отколку да се загине на нозе, нашиот народ реши да се исправи на нозе и да крене глава за слобода, и се запиша помеѓу народите предводници на Антифашистичката борба.
 
Ние им ја должиме слободата на тие што се избориле за неа, но им должиме и на идните генерации, нашите синови и ќерки, нашите внуци да им ја оставиме слободата каква што сме ја добиле. И да се бориме за напредок, за добар живот и за стабилност и сигурност за секој човек.
 
Во време кога повторно слободата ни се ограничува, кога се прават поделби, кога нема одговорност за никого и ништо, кога книгите завршуваат во депонија, кога луѓето не чувствуваат сигурност, кога со нашето наследство власта прави трговија, повеќе од сигурно е дека потребни се промени.
 
Партизаните, нашите втори Илинденци, залудно не газеа по снеговите, не се бореа и гинеа за слободата за да денес прелесно допуштаме поигрување со таквото наследство, врежано во колективната меморија на слободарските антифашистички народи во Светот, на чие наследство како Македонија имаме полно право да се повикуваме.
 
Никој нема право, а најмалку тие кои ја водат државата, да внесуваат сомнежи, ниту поделби или да прават трговија со нашата колективна заслуга во борбата против фашизмот.
Наша задача денес е да издвојуваме победа на разумот, на нашето право да создаваме нова иднина за нашите луѓе. Тоа е иднина темелена на морал и принципи.
 
Нашите луѓе се пркосни, храбри, работливи и знаат што сакаат. Овој народ си ја сака среќата и местото под ова парче небо. И овој народ ќе се избори.
 
За многу години 11 Октомври. Вечно да се паметат хероите од Антифашистичката борба.
 

На прво место

News image

СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ – ЧУДОТВОРЕЦ - 8 XII/25 XI

СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ – ЧУДОТВОРЕЦ - 8 XII/25 XI

Историја

News image

Автономна Македонија (белградски весник)

АвтономнаМакедониjа (La Macédoine autonome). "Балканотнабалканскитенароди - МакедонијанаМакедонците"...

Иселеници

News image

ПРОМОЦИЈА НА ДЕЛА НА ДУШАН РИСТЕВСКИ - МАКЕДОН ВО ТОРОНТО

Во организација на Литературното друштво „Браќа Миладиновц...

Култура и туризам

News image

Легенди и верувања: Од минатото на селото Арвати

Легендите и митолошките верувања се често застапени сред луѓето кои се интересираат и сакат да знаат...

Фељтон

News image

БИТКАТА КАЈ СУСА И ИДНИТЕ ОСВОЈУВАЊА НА АЛЕКСАНДАР III МАКЕДОНСКИ (ВЕЛИКИ) – ГОСПОДАРОТ НА АЗИЈА (12)

Александар пристигнал во градот Суса на 15 декември 331 година пред Христа и бил п...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.