Вторник, 15 Јуни 2010    Печати
Груевски се сретна со основачите на ВМРО - ДПМНЕ по повод 20-тиот роденден на партијата
По повод дваесетгодишното постоење на ВМРО - ДПМНЕ претседателот на партијата Никола Груевски денеска се сретна со основачите и со луѓето кои присуствуваа на првото основачко собрание на ВМРО - ДПМНЕ.
На средбата, како што соопшти партијата, Груевски им се заблагодарил за сестраниот и континуиран придонес, во изградбата и развојот на ВМРО-ДПМНЕ.
gruevski-osnovaci-sredba
Претседателот на ВМРО - ДПМНЕ изразил задоволство за поддршка што раководството на партијата ја добива од луѓето што го основаа ВМРО-ДПМНЕ и кои со своето залагање и пожртвуваност се вградија во постоењето на партијата.

Груевски на присутните им посочил дека главната заложба на ВМРО - ДПМНЕ остануваат евро-атлантското интегрирање на Република Македонија и напорите за подобрување на економската состојба на граѓаните, стои во партиското соопштение.