|
||
Секој глас е чекор кон крај на корупцијата и почеток на ново време на надеж и развој |
Се наоѓаме на историска раскрсница: или ќе гласаме за назад, кога Македонија се ограбуваше и омаловажуваше, или ќе гласаме за коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ која во изминатите 15 месеци вложува напори да и врати на државата сè што и беше одземено. Корумпираните политичари кои со години ја ограбуваа државата, секако немаат право повторно да ја добијат довербата. Тие не бираа средства да дојдат до фотелја, а единствено што им значеше беше сопствената привилегија. Денес граѓаните на овие локални избори имаат шанса да им кажат „доста е“, да ги испратат во политичка пензија и да изберат луѓе кои ќе работат за народот, а не против него. Овие избори се одлука за тоа каква иднина сакаме за себе, за нашите семејства, деца, внуци и за нашата татковина. Дали ќе дозволиме да продолжи старата пракса на корупција, криминал и омаловажување на Македонија, или ќе избереме промена која значи подобар живот, чесни услови и вистинска грижа за граѓаните? Затоа потребно е сите масовно да излеземе на избори. Секој глас е силна порака, секој глас е чекор кон крај на корупцијата и почеток на ново време на надеж и развој. На овие избори, вистинскиот избор е број 9, избор за чесност, работа и одговорност. Гласот за број 9 е глас за вас, за вашето место, за вашата иднина. |