Среда, 15 Октомври 2025    Печати
Доста беше со корупција, доста беше со лаги и злоупотреби!

678

Додека народот преживуваше со 150 денари на ден – Заев и неговите блиски испумпуваа милиони од државата

Додека инфлацијата галопираше, цените растеа од ден на ден, а повеќе од 600.000 граѓани на Македонија живееја со 150 денари на ден, Зоран Заев и неговите блиски „генијалци“ од партискиот круг не мислеа како да ја стабилизираат економијата, туку како да ја испумпаат државата до последниот денар.

Под превезот на „развојни проекти“ и „реформи“, се создаваа мрежи од фирми блиски до власта. Тие не работеа за граѓаните, туку за себе. Се договараа тендери, се правеа рамковни спогодби, и се делеше државниот колач меѓу своите – додека народот се бореше со сиромаштија, долг и безизлез.

Конкретен пример е рамковната спогодба за ископ на јаловина во РЕК Битола, потпишана на 3 октомври 2023 година.

Договорот тежок 25 милиони евра му беше доверен на „Марковски компани“, а како подизведувачи се појавија фирмите „Сим Инженеринг“ и „Јавор транс“ – компании во сопственост на Симеон и Горан Крстеви, добро познати луѓе од блиското опкружување на Заев.

Овие истите браќа Крстеви не се непознати во јавноста. Од времето на аферата „Глобал“, нивните имиња се поврзуваат со сомнителни зделки и со мрежата што ја градел кланот Заеви. Намерно не биле ставени како главни изведувачи – за да не се забележат, но сепак, парите од државните тендери завршиле токму кај нив.

Само од овој еден договор, овие две фирми инкасирале дури 5 милиони евра. Пет милиони евра пари од граѓаните – пари од буџетот кој требаше да биде за болници, за училишта, за земјоделците и за пензионерите. Наместо тоа, завршија во приватни џебови, во уште една корупциска шема со потпис на СДС.

Ова е само една нишка од огромната мрежа на злоупотреби што ја ткаеја додека беа на власт. Милионски суми се слеваа во фирми блиски до „елитата“ од Струмица, која одамна јазаборави Македонија и народот, но никогаш не забораваше да си ја наполни сопствената сметка.

Но, времето на неказнивост завршува. На 19 октомври народот ќе одговори!

Ќе им покаже дека Македонија не е ничија приватна фирма и дека парите на граѓаните не се средство за лично богатење.

Затоа, на овие избори, со заокружување на бројот 9, народот ќе ја испрати најсилната порака:

Доста беше со корупција, доста беше со лаги и злоупотреби!

Време е за чесни луѓе кои работат за народот, а не за себе.

Време е за одговорност, чест и љубов кон Македонија!

Со твојот човек, за твоето место, за твојата иднина!

Вистинскиот избор е број 9 – за Македонија што ја сакаме!

1uv3 copy copy