Четврток, 23 Октомври 2025    Печати
ВМРО е повеќе од организација, таа е идеја за обединета и слободна Македонија

73321216 934508600281984 1729474658836676608 n

- Петар Поп Арсов (1868 - 1941),
- Дамјан - Даме Груев (1871 - 1906),
- Иван Хаџи Николов (1861 - 1934),
- Христо Татарчев (1869 - 1952),
- Христо Батанџиев (х? - 1913) и
- Андон Димитров (1867 - 1933).

Денес, 23 октомври, го одбележуваме Денот на револуционерната борба, денот кога во 1893 година во Солун била основана Тајната македонско-одринска револуционерна организација, подоцна позната како ВМРО. Тоа не е само датум во календарот, тоа е симбол на стремежот на македонскиот народ кон слобода, достоинство и самоопределување.

ВМРО не беше само организација, беше сонот на еден народ што сакаше да живее достоинствено, во своја земја, со свое име и чест.

Тие не размислуваа за титули, фотелји или политички поени, Тие размислуваа за слобода, за домот, за мајката што чека, за детето што треба да расте без страв.

Денес не славиме само датум, денес се поклонуваме пред идејата, пред искрата што ја запали група млади учители и интелектуалци во Солун, на 23 октомври 1893 година.

Во времиња кога светот се делеше, ВМРО спојуваше, кога другите се делеа по вера или потекло, тие гледаа луѓе. Во редовите на револуционерната борба стоеле рамо до рамо христијани, муслимани, власи, евреи,…сите со една мисла, Македонија да биде слободна. Тоа беше најголемата сила на ВМРО: дека слободата нема вера, ниту националност, туку човечко лице и срце што гори за правда.

И денес, повеќе од еден век подоцна, таа порака е поважна од кога било.

Денес кога сме опкружени со поделби, со сомнежи и со разочараност, треба да се подсетиме на тие луѓе што знаеле да се обединат околу идеалот.

Треба да се потсетиме дека љубовта кон татковината не се мери со зборови, туку со дела, со чесност, со почит, со спремност да го ставиш општото добро пред личното.

Да ја чуваме Македонија со љубов, со разум и со срце, како што тоа го правеле нашите предци.

Нека ни е честит 23 Октомври – Денот на револуционерната борба.

701 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy