|
||
| Венко Филипче под менторство на Заев, СДС ја направи петта партија во Скопје и на раб на исчезнување |
|
Локалните избори поминаа, а СДС доживеа тежок историски пораз, изборно цунами кое е на праг да ја збрише од политичката сцена во државата. Некогашниот голем СДС и најголем политички опонент на ВМРО-ДПМНЕ, сега е веќе трета партија во државата, додека пак во ниво на град Скопје е дури петта. Овој историски дебакл на СДС има име и презиме. Венко Филипче, што поразот го претставува како успех, под диктат на неговиот ментор Зоран Заев, партијата ја дотурка до раб на исчезнување. Многу очигледно е дека СДС и натаму функционира под диригенство на Заев, зошто Филипче ниту се дистанцираше од него и неговите политики, ниту покажа капацитет да ја врати партијата на вистински пат. Туку напротив, Филипче со Заев тераше луди журки во Дубаи и луксузни одмори по Халкидики. Овие изборни резултати се јасен показател дека народот ја казни оваа нивна аздисаност и безидејност. На локалните избори СДС освои 126 илјади гласа и околу 230 советници, а победи само во 6 општини при што ги изгуби градовите каде што со години наназад доминираше. И покрај ваквиот историски пораз, во СДС нема реформи. Во партијата на чело со Флипче упорно се прави обид за негов спас и криењето на вистинскиот виновник. За СДС, веќе, не се решение ниту оставките без суштина, едноставна промена на некои кадри, кои само го одложуваат неизбежното, а тоа е потребата од целосна промена во врвот на партијата, на чело со Филипче. Ова не е изборен резултат кој треба да се релативизира, а најмалку да се претставува како добар или одличен, нешто што Филипче се обидува. Затоа со него и со ова партиско раководство СДС ќе продолжи и понатаму да тоне. Потребно е итна оставка на Венко Филипче и реформи во СДС, затоа што на Македонија и е потребна вистинска, консолидирана и силна опозиција со кредибилитет. |