|
||
| Дојде време некој во СДС гласно да каже, ДОСТА БЕШЕ! |
|
Денес најголемата вистина за Социјалдемократскиот сојуз е дека оваа партија не може да тргне напред сè додека не се ослободи од товарот што ја гуши. Венко Филипче и Зоран Заев не се само политички фигури, тие се симбол на еден потрошен, корумпиран и морално распаднат политички систем кој повеќе нема што да ѝ понуди на СДС и Македонија. СДС денес е заробеник на луѓе кои политиката ја претворија во мрежа на личен интерес, криминал и предавство. Зоран Заев го продаде она што никогаш не смееше да се продава, името, знамето, честа и идентитетот на македонскиот народ. Под превезот на „европска иднина“, ја обезличи државата, ја понижи нацијата и ја остави Македонија со рана што нема лесно да зарасне. Од политиката направи пазар, а од државата експеримент. И денес, наместо да молчи пред народот што го излажа и продаде, неговата сенка и понатаму се протега врз СДС, како проклетство од кое партијата не може да се ослободи. А Венко Филипче? Симбол на празен маркетинг без резултати. Под негово водство здравството колабираше, институциите паднаа, а довербата на граѓаните се распадна како кула од карти. Денес, истиот тој зборува за „нов почеток“, но народот одамна го прочита. Тоа не е нов почеток, туку обид за негов и спас на Заев од одговорност. Филипче и Заев се две лица на истата извалкана монета, монета на криминал, предавство и лаги. Тие не ги бранеа интересите на Македонија, ги распродаваа. Не го слушаа народот, туку диктати од нашите соседи. Денес двајцата се кријат зад празни фрази за „вредности“ и „визии“, но народот не заборава, Македонија е повредена, но жива, и ќе живее и без нив. СДС мора да се соочи со сопствената вистина, дека со овие двајца, партијата нема иднина! Македонецот може да прости, но не заборава кога некој го предал, а Заев и Филипче се жив симбол на предавство и криминал. На Македонија ѝ е потребна опозиција што ќе ја сака државата повеќе од фотелјата. Опозиција што нема да моли за аплаузи од соседите, туку ќе ја бара довербата од сопствениот народ, Опозиција што ќе го слуша својот народ, а не да му се потсмева на неговите чувства, Опозиција што нема да молчи кога се гази македонската чест, таква опозиција и треба на Македонија. Време е СДС да се ослободи од минатото и да ја покаже последната капка достоинство што можеби ѝ останала. Да се исчисти од политичките паразити кои ја искористија и ја понижија. Дојде време некој во СДС гласно да викне: ДОСТА БЕШЕ, партијата што некогаш значеше надеж, да стане политичко гробиште поради неколку луѓе што си замислија дека Македонија е нивен приватен имот. Ако СДС сака да преживее, мора веднаш и без калкулации да се ослободи од сенките на Венко Филипче и Зоран Заев. Ова не е само од интерес на партијата, ова е од интерес за иднината на Македонија! Македонија ќе продолжи да се движи по вистинска насока и без СДС, но нека биде запаметено: оваа држава ќе ја градат тие што работаат за подобра иднина на сите граѓани, а не за тие што ја продаваа за куфери полни со долари или евра! Македонија пред сè! |