Вторник, 11 Ноември 2025    Печати
Лагите на СДС и вистинската одговорност што конечно ја гледаме

11-MN copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

СДС повторно се заплетка во сопствените лаги. Откако Владата ја суспендираше исплатата на средствата од ИПАРД 3 програмата, од партијата на поранешните „реформатори“ веднаш тргнаа со манипулации и обвинувања. Но, вистината ја потврди и самата Делегација на Европската Унија – исплатите се стопирани по иницијатива на националните институции, за да се расчисти сомнежот за корупција. Тоа е прв пат во нашата историја да се преземат такви мерки без јавен притисок, без протечени снимки и без медиумски скандал.

Овој потег ја покажува разликата меѓу вистинска одговорност и лицемерна грижа за правдата, каква што СДС глумеше со години. Во времето на Заев, Ковачевски и Филипче, институциите беа продолжена рака на партијата. Корупцијата се „казнуваше“ само кога ќе „експлодираше“ скандал во медиумите, кога свиркачи ќе изнесоа документи, видеа или снимки. Наместо да разрешуваат, тие ги штитеа своите луѓе и вршеа притисок врз обвинителството и полицијата да не постапуваат.

Денес, гледаме сосема поинаква слика, Владата презема мерки против актуелни функционери, без јавен скандал, без медиумска хистерија. Тоа е суштината на одговорноста: институциите да реагираат затоа што треба, а не затоа што мораат.

СДС пак се обидува да го сврти вниманието. Лажат дека ЕУ ја блокирала програмата, иако од Делегацијата јасно велат:
„Ја поздравуваме одлуката на националните институции да ги суспендираат сите исплати од ИПАРД 3 додека не се разјаснат околностите.“
Тоа е европски пристап – транспарентно и одговорно управување со јавните пари.

СДС не може да се помири со фактот дека денес има институции кои работат без нивен налог. Наместо да бараат вистинска правда, тие се занимаваат со евтини прес конференции и празни обвинувања. Секој нивен настап е нова димна завеса за да се сокријат внатрепартиските превирања и се погласните барања за оставка на Венко Филипче, симболот на ароганцијата и недоследноста во СДС.

По сè изгледа, партијата што некогаш зборуваше за „европски вредности“ денес не може ни да препознае кога државата конечно се движи по европски пат. И токму тоа е најголемата разлика, додека СДС лаже, државата конечно почнува да постапува.