|
||
| Данела Арсовска станува бучна, нервозна и конфузна |
|
Секој нејзин настап, секоја изјава, секоја обид за оправдување е всушност доказ дека вистината ѝ дише во врат. Нејзиниот тон, кој некогаш беше обвиткан со „самоувереност“, денес звучи како ехо на стравот од денот кога ќе мора да објасни како и зошто го остави Скопје во хаос, неред и долгови. Искрено, ѝ посакуваме да се надмине себеси. Да најде сила да се соочи со своите стравови и болки, затоа што борбата со тие демони не е лесна. Но уште потешка е борбата со фактите, а тие веќе се на прагот. Соочувањето со правдата за хаосот што го остави зад себе не е прашање на желба, туку на време. И тоа време доаѓа. Скопје покажа дека може поинаку. Чисто, организирано, со ред и визија, токму она што беше уништено во нејзиниот мандат. Градот денес живее без нејзините изговори, а граѓаните гледаат дека таму каде што има волја, има и резултати. Сега е ред на институциите. Сите надлежни органи мора целосно да се посветат на цунамито кое го остави Данела Арсовска зад себе, на одлуките, тендерите, договорите и долговите што ја проголтаа функционалноста на градот. Справувањето со тоа не е само административна обврска, туку морална должност кон граѓаните на Скопје. Данела можеби ќе продолжи да зборува гласно, но колку и да се обидува да ја надвика правдата, таа секогаш зборува појасно и секогаш победува на крајот. |