|
||
| Конгресот е значаен и за зајакнување на структурата, влез на нови луѓе, и е вовед во подготовка за голема победа на парламентарните избори |
|
Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашното гостување во централниот Дневник на телевизија Сител во рамки на Тема на денот се осврна на претстојниот Конгрес на партијата, како и на резултатот од локалните избори. „Подготовките за редовниот 18 Конгрес започнаа во јули согласно со правните акти на партијата. На Конгресот ќе има над 800 делегати, 1800 гости, ќе донесеме и важни стратешки документи кои ќе бидат идна тратекторија на партијата. Секако овој Конгрес треба да ни е една подготовка за подобро структуирање на партијата, односно да имаме зајакнување на структурата, влез на нови луѓе и да направиме она што беше очекувано победата на локалните избори да е вовед во голема победа на парламентарните избори ако бидат редовни во 2028 година. Треба да покажеме дека ќе има континуитет и ВМРО-ДПМНЕ ќе испорачува за граѓаните и за државата“, рече Сајкоски. |