Петок, 30 Јануари 2026    Печати
Минималната плата од 600 евра не е проблем, проблем е што оние кои денес ја ветуваат, вчера ја украдоа можноста таа да стане реалност

7890

600 евра на хартија – признание за пропуштена правда

Предлог-законот на СДС за минимална плата од 600 евра, иако на прв поглед звучи како гест на социјална грижа, всушност е најсилното признание за сопствениот неуспех додека беа на власт. Тоа е признание дека можеле, а не сакале. Дека имале простор, а го потрошиле на арамилак. Дека работникот можел да живее подобро, но бил последен на списокот на нивните приоритети.

СДС денес се охрабри да стави нешто на хартија – предлог закон, бројки, па дури и пресметка дека за минимална плата од 600 евра се потребни околу 7,5 милијарди денари, односно околу 110 милиони евра годишно.

За волја на вистината, напишале сè – освен од каде ќе дојдат тие пари. И токму во тоа „заборавено“ се крие суштината на проблемот.

Доброто во овој предлог е што, без да сакаат, СДС јавно потврдува дека државата имала капацитет за повисока минимална плата уште додека тие управуваа со власта. Лошото е што тие пари не завршија кај работниците, туку во сомнителни зделки, криминални шеми и приватни џебови.

Само еден пример е доволен: доколку не се дозволеше злоупотреба на околу 170 милиони евра државни пари за набавка на канцероген мазут – со кој се загадуваше воздухот и директно се загрозуваше здравјето на граѓаните – денес не само што ќе имавме чист воздух, туку работниците ќе имаа и повисока минимална плата. Не 600, туку можеби и 700 евра.

Но за жал, приоритетот на СДС и нивниот коалициски партнер ДУИ не беа ниту платите, ниту животниот стандард, ниту достоинството на трудот. Приоритет беше како да се извади уште повеќе од државната каса, како да се изнајде уште еден сомнителен тендер, уште една „законска“ кражба, уште една шанса за лично богатење.

Затоа предлогот на СДС не е визија за иднината, туку огледало на минатото. Огледало во кое јасно се гледа дека парите постоеле, но биле погрешно насочени. Дека работниците биле измамени, а денес им се нуди празно ветување, без покритие и без кредибилитет.

Минималната плата од 600 евра не е проблем, проблем е што оние кои денес ја ветуваат, вчера ја украдоа можноста таа да стане реалност.

1aa-MN copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy