Недела, 15 Февруари 2026    Печати
На осудените од 27 април не им треба амнестија, ним им треба правда!
Mane

Мане Јаковлески

Настаните од 27 април 2017 ќе останат запишани како уште еден од најцрните денови во поновата македонска историја, во низа турбулентни и болни моменти што ја одбележаа државата во изминатите години владеење на СДС и ДУИ.

По промената на името со Преспански договор, по измената на државното знаме и потпишувањето на Договор за добрососедство со Бугарија,... македонското општество веќе беше длабоко поделено и чувствително на секој нов политички потрес.

Затоа 27 април не може да се гледа изолирано.

Mane Jakiovleski copy

Упадот во Собранието ја потресе државата и ја продлабочи политичката криза, но подеднакво силен белег остави и она што следеше: пресудите за „терористичко загрозување на уставниот поредок“, високите затворски казни и атмосферата во која се водеа судските процеси.

Јавноста секојдневно  го поставува прашањето: Ако процесот бил беспрекорно чист, зошто се отвори прашањето за амнестија?

Амнестијата по својата природа не ја утврдува вистината, таа затвора поглавје. Но кога поглавјето не е до крај расчистено, амнестијата не лекува, туку продлабочува сомнеж.

Оние што поминаа години зад решетки, а голем дел од нив сè уште се зад решетки, имаат право на јасен и правно издржан одговор: дали беа осудени врз основа на цврсти, неспорни докази и индивидуално утврдена вина, или во политички амбиент во кој тогашната власт на СДСМ и ДУИ чувствувала потреба да испрати порака на сила и контрола?

А што кога преку правна ревизија, меѓународна постапка или нови докази се покаже дека процесот бил компромитиран?

Што ако се докаже дека правосудниот систем бил ставен во функција на политички момент? Тогаш прашањето повеќе нема да биде кој што направил на 27 април 2017, туку кој ќе одговара ако правдата била злоупотребена.

Во јавноста често се споменува улогата на тогашното Специјално јавно обвинителство (СЈО), формирано со задача да ја врати довербата во правдата.

Ако институција создадена да гарантира независност на истрагите ќе се најде под сомнеж дека постапувала политички мотивирано, тоа би било двојна штета и за конкретниот случај, и за самиот концепт на правна реформа.

Доколку се утврди дека имало притисоци врз судии или обвинители, одговорноста мора да биде конкретна и именувана. Кој извршил притисок? Кој го наложил? Кој премолчел? Кој профитирал?.

Потоа ќе дојдат во прашање и отштетите за Уставобранителите. Баснословни суми што повторно ќе ги платат граѓаните.

Но парите не се суштината. Суштината е недовербата. Кога граѓаните ќе престанат да веруваат дека судот не суди според закон.

Toskovski

Уставобранителите не бараат амнестија, тие бараат повторување на судењето за да ја докажат својата невиност, дека не биле терористи, туку луѓе што го бранеа Уставот, а со тоа и интересите на Македонија