|
||
| Македонија и понатаму чека членство во ЕУ! |
|
Иако Европска комисија со години препорачува почеток на преговорите, процесот за Македонија и натаму не се отвора. Причините се познати: барања од Грција и Бугарија, уставни измени, билатерални спорови претворени во европски критериуми. Унијата тврди дека билатералните прашања не смеат да го киднапираат процесот, но токму тие денес го диктираат темпото. Во исто време, Европска Унија сериозно размислува за модели на делумна или фазна интеграција за Украина, држава во војна. Тоа не е критика кон Киев, тоа е прашање за Брисел: ако постои политичка одлука, правилата стануваат флексибилни, ако не постои, правилата стануваат ѕид. Македонија направи тешки компромиси и спроведе сериозни реформи. Но наместо предвидлив процес, добива постојано поместување на целта. Прво се бараше промена на името, уставот, знамето,...денес се бара уставна измена со вклучување на бугарската заедница како предуслов за отворање на поглавјата. Утре кој знае што. Проблемот повеќе не е технички, тој е политички и тоа не во Скопје, туку во Брисел. Балканот не е географија, туку безбедност. Западниот Балкан не е периферија. Тој е внатрешен двор на Европа. Ако регионот не се интегрира, ќе остане геополитичка празнина во срцето на континентот. Македонија се наоѓа на т.н. Балканска рута, преку која мигранти и бегалци од Блискиот Исток, Азија и Африка се обидуваат да стигнат до земјите на Европската Унија. Таа има значајна улога во контролата на миграциските текови кон ЕУ, при што дел од мигрантите влегуваат на нејзина територија од земји членки на ЕУ, како Бугарија и Грција. Ако ЕУ сака да спречи руско, кинеско или турско влијание, и ако сака стабилни граници и предвидливо соседство, тогаш проширувањето не смее да биде бирократска формула–туку стратешка одлука. Другите веќе се тука Русија игра на картата на историски врски, енергетска зависност и политичка поларизација.
Ниту една од овие сили не нуди европски модел, но сите нудат присуство, а со тоа и влијание. Доколку Унијата продолжи со одолговлекување, без јасна временска рамка и без веродостоен сигнал дека проширувањето е реална цел, таа самата ќе ја поткопа сопствената привлечност. А кога европската перспектива слабее, расте просторот за алтернативи. Во геополитиката важи едноставно правило: каде што нема интеграција, има натпревар за влијание. Тој натпревар веќе се случува. Прашањето не е дали Македонија ѝ треба на Европа. МН |