Вторник, 17 Февруари 2026    Печати
Заедничка заложба за натамошно јакнење на односите меѓу Македонија и САД

6374629

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски оствари седба со вршителката на должност амбасадор на Соединетите Американски Држави, Никол Варнс.

Заедничка заложба за натамошно јакнење на односите меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави.

Денес беше остварена средба меѓу претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и вршителката на должност амбасадор на Соединетите Американски Држави, Никол Варнс.

На средбата се разговараше за унапредување на билатералната соработка, заедничките стратешки приоритети, како и можностите за продлабочување на партнерството во области од заемен интерес.

Двајцата соговорници ја истакнаа важноста од континуиран политички дијалог и изразија заедничка заложба за натамошно јакнење на односите меѓу Македонија и САД.

Средбата помина во конструктивна атмосфера, во дух на пријателство и меѓусебна почит.

САД се еден од клучните стратешки партнери на државата, а ваквите средби ја потврдуваат континуираната политичка поддршка и стабилноста на односите.

Иако Македонија е членка на НАТО, поддршката од САД останува важна за понатамошни реформи, безбедносна соработка и напредок во европската интеграција.

Во актуелниот геополитички контекст, блиската соработка со САД придонесува за регионална стабилност и зајакнување на безбедносните капацитети.

Средбата испраќа порака за активна дипломатија, отворен дијалог и јасна ориентација кон стратешките западни партнери.