Недела, 12 Април 2026    Печати
Обид за палење на синагога во Македонија

EZRM

Еврејската заедница во Македонија информира дека на 12 април, за првпат во поновата историја, бил извршен обид за опожарување на објектот на заедницата и синагогата.

Во соопштението до медиумите, потпишано од претседателот на заедницата, Пепо Леви, се нагласува дека овој чин претставува сериозен напад, не само врз верски објект, туку и врз темелните вредности на едно цивилизирано општество – соживотот, достоинството и заемната почит.

„Овој чин не е само напад врз еден верски објект, туку длабоко вознемирувачки удар врз вредностите што со децении се градат во нашето општество“, се наведува во соопштението.

Од Еврејската заедница потсетуваат дека тие се најмалубројна, но историски длабоко вкоренета заедница на овие простори, присутна уште од времето на Антиката. Нивниот опстанок и придонес, како што истакнуваат, секогаш бил заснован врз принципите на мир, солидарност и заедништво.

„Живеевме посебно во нашите верски традиции, но заедно во секојдневието – рамо до рамо со сите наши сограѓани, споделувајќи ги и радостите и премрежјата на ова општество“, додаваат од заедницата.

Еврејската заедница апелира до надлежните институции итно и целосно да го расветлат случајот и да обезбедат заштита на верските објекти и безбедноста на сите граѓани.

1aaa-MN copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy