Петок, 07 Август 2009    PDF Печати Е-пошта
Се укинуваат куќните совети, се воведува нова функција
stanЗа секоја зграда по еден директор -

-Една од новините од актуелниот Закон за домување е определување на Управител во станбени згради со повеќе од двајца сопственици или повеќе од осум посебни делови. Со ваквото решение ќе се обезбеди посоодветно одржување на станбената зграда согласно современите стандарди.

Станарите на 8-катна зграда во Капиштец повеќе од еден месец немаат лифт, бидејќи соседите од прв и втор кат не плаќаат за негово одржување. За нивен инает, оние што живеат на повисоките катови не плаќаат за чистење. Петкатница во Ѓорче Петров, пак, неколку месеци нема осветлување на скалите поради неплатен долг кон ЕВН од 18.000 денари стар неколку години. Новите станари од истата зграда не сакаат да чујат да го платат она што некој друг требало да го плати, па ноќе по скалите се качуваат со батериска лампа. Сличен проблем има во таканаречените руски згради во Карпош каде е неопходна итна реконструкција на покривот а никој не сака да плати за тоа, бидејќи сметаат дека овој проблем е само на оние што живеат на најгорниот кат. Но, истите тие не им потпишуваат согласност на нивните соседи сами да ја финансираат реконструкцијата и за сметка на тоа да доградат уште еден кат.
Ова се само мал дел од проблемите со кои секојдневно се соочуваат станарите во колективните станбени објекти, а кои беа последица на тоа што во ретко која функционираше куќен совет. Овие аномалии би требало да се отстранат со новиот Закон за домување со кој куќните совети се укинуваат а на нивно место се воведува нова институција Управител или Заедница на станари.
- Во секој објект со повеќе од двајца сопственици на станови мора да има управител кој што ќе врши тековно и инвестициското одржување на зградата, но ќе има и други надлежности. Тоа треба да биде лиценцирано правно лице со најмалку пет вработени кое ќе го избира советот на граѓани по пат на јавен оглас. Издавањето на лиценци и работата на управителот ќе ја следи независна Регулаторна комисија која допрва треба да се формира - појасни заменик-министерот за транспорт и врски Горан Михајловски.
Исто така, со Законот се пропишува обврска за сопствениците во станбената зграда за основање на резервен фонд со кој ќе се покриваат трошоците за инвестиционото одржување, а обврската за раководење со средствата ќе биде дадена на управителот.

Строго прецизирани и закупничките односи
Квалитативна промена се прави и во уредувањето на закупничките односи при што се дефинираат сите видови на закуп. Во Законот детално се разработени односите помеѓу закуподавецот и закупецот, односно нивните права и обврски. Децидно е пропишана содржината на договорот за закуп, продолжувањето на договорот, како и неговото раскинување. Со новите одредби предвидено е за лицата во социјален ризик и други ранливи групи, кои користат стан под закуп со непрофитна закупнина, да имаат право на субвенционирање на закупнината.

Општините добија можност да градат станови
Законот за домување овозможува државата, а за првпат и општините да добијат можност да основаат фондови за домување, со кои ќе се поттикнува развојот и изградбата на објектите за домување, да обезбедува средства и заеми за изградба и продажба на станови. Со преодните одредби се продолжува и рокот за откуп на општествените станови на корисниците на станови до 31.12.2010 година, носители на станарско право со што се врши доприватизација на општествениот капитал во областа на домувањето и создавање на можност за завршување на приватизација на повеќе од 3.000 општествени станови.

Одредбите се одлични, но каква ќе биде нивната практична примена
Стариот Закон за домување беше недоречен и непрецизен, а новиот нуди добри можности кои би требало да ги решат проблемите во колективното домување. Но, каква ќе биде неговата практична примена и колку тоа граѓаните ќе го почувствуваат како оптоварување на семејниот буџет, допрва треба да се види, вели Татјана Тасевска од Организацијата на потрошувачи на Македонија. Таа смета дека институцијата Управител тешко ќе може да се примени во сите згради. Веројатно, вели Тасевска, управител ќе можат да си дозволат да плаќаат само станарите на новите згради, односно оние со повисок стандард. Останатите, ќе одлучат за формирање на Заедница на станари.
Граѓаните се скептични дека овој Закон ќе има успешна имплементација.
- 25 години живеам во зграда во која никогаш досега немало куќен совет, каде што ни за чистачката не плаќаат сите. Тоа се само 100 денари месечно, а замислете некој да им побара да плаќаат фирма, нема шанси - вели Митра Мојсовска станарка во Градски ѕид.

Казни за непочитувачите
Законот предвидел и ригорозни санкции за непочитувачите. Глоба од 700 евра ќе плати правното лице - управител доколку не ги извршува обврските и уште глоба од 400 евра директорот на правното лице. Секој станар пак, ќе мора да плати 300 евра глоба доколу не определи управител или пак редовно не ги подмирува обврските за тековно и инвестиционо одржување на станбената зграда. Иста казна ќе му следи и на оној којшто нема да уплаќа во резервниот фонд.

Вечер
 

На прво место

News image

Лефков: Артан Груби да не бега и да се врати во Македонија, одговорност за криминалот мора да има

Чистиот како солза Груби, кој првин се најде на црната листа на САД, а потоа и во центарот на крив...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

ВО ВИТЛЕЕМ – РОДНОТО МЕСТО НА ИСУС ХРИСТОС (13)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН  ...

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.