Среда, 11 Мај 2011    Печати
Завеса со ликот на Александар Македонски

zavesa

Цар Самоил во 973 година со брат му Арон отишол на дворот на германскиот цар да му го честита Велигден и да побара политичка поддршка. Како што доликува на гостин, веројатно, како подарок му однел нешто, а домаќинот, исто така, му возвратил. Имено, во музејот во Вирцбург се чува една свилена завеса, на која е претставен орелскиот лет на Александар Македонски.

На завесата е претставен Александар кому два орли (христијански симбол) на главата му ставаат златна круна со три крста! Не знаеме дали таа била подарокот за германскиот цар, но би можеле да претпоставиме!