|
||
Реформите во Македонија се спроведуваат успешно |
Реформите во Македонија се спроведуваат успешно во сите области, борбата против корупцијата, судството, јавната администрација, економијата и образованието, сметаат европските парламентарци. Потврда дека Македонија го има трасирано вистинскиот пат е и Резолуцијата од 7 април оваа година, кога е упатена јасна порака дека процесите во македонската држава се одвиваат во позитивна насока и е потребно да се заврши фазата на интеграција во Европската унија и НАТО. Според словенскиот европратеник Милан Звер, предвремените парламентарни избори би имале дури и негативно влијание во приближување кон ЕУ, доколку победи политичка опција која ќе има помал успех во спроведување на реформите, во споредба со актуелната влада. Најголема потврда за успешноста на реформскиот процес кој се одвива во Македонија е одлуката на Европската комисија за задржување на безвизниот режим за македонските граѓани. Мерките кои ги спроведе Владата вродија со плод, изјави пред две недели еврокомесарката Сесилија Малстром и додаде дека во изминатиот период е забележано намалување на бројот на баратели на азил. И германската европратеничка Дорис Пак упати јасна порака дека ја охрабрува Владата да продолжи во својата посветеност при спроведување на реформските процеси во државата |