|
||||
Изборите мирни, фер и професионално спроведени |
Амбасадорката на Кралството Холандија во Македонија Симоне Филипини ги оцени како мирни, фер и професионално спроведени завчерашните предвремени парламентарни избори. - Генерално изборите поминаа во фер и демократска атмосфера. Споредено со изборните циклуси во 2008 и 2009 година имаше голема разлика, изјави Филипини за МИА. Според неа, голема заслуга за фер избори имаат органите што ги спроведуваа, кои, како што вели, сакале да покажат дека можат да си ја завршат работата професионално. - Избирачките органи беа многу опуштени бидејќи немаа притисок. Од ова се гледа дека доколку ги оставите луѓето и верувате во нивната професионалнот тие ќе си ја завршат работата професионално, истакна холандската амбасадорка. |