Среда, 08 Јуни 2011    PDF Печати Е-пошта
Македонците од Егејска Македонија на Париската мировна конференција

Остварувањето на националните права на Македонците од Егејска Македонија на Париската мировна конференција

Council_of_Four_Versailles

Посебно сериозен проблем на Париската мировна конференција претставуваше прашањето околу територијалните разграничувања меѓу Југославија и Грција односно Македонија, околу националните права на македонскиот народ во Егејска Македонија. Во разрешувањето на прашањето во југословенско-грчките територијални разграничувања постоеше очигледна подвоеност меѓу претставниците на 21 влада на оваа конференција, кои ги застапуваа интересите на едната или на другата страна. Така, претставниците на западнито капиталистички свет на чело со САД, Велика Британија и Франција настојуваа да ги решат грчко-југословенските разграничувања во полза на Грција, а источните социјалистички земји, предводени од Советскиот Сојуз, се застапуваа за правилно разрешување на овој проблем, тргнувајќи од начелото на етничкиот состав на населението. Но, и покрај тоа што еворпските социјалистички земји, вклучително и Југославија, настојуваа да создадат една рамнотежа и се застапуваа за објективно разгледување на спорните проблеми и донесување на соодветни праведни одлуки, сепак, може слободно да се истакне дека западниот капиталистички свет, со својата поагресивна политика имаше значително поголемо влијание врз самиот тек и начин на работа на Париската конференција, а особено во наметнување на нивната волја и стремежи при донесувањето на конкретни решенија. За илустрација и поткрепа на таквото наше гледиште, ќе наведеме дека од страна на австралиската влада беше поднесен т.н. “австралиски предлог”, според кој се предлагаше најчувствителните спорни прашања, во кои спаѓаа и југословенско-грчките и југословенско-италијанските разграничувања, да ги решава една “поткомисија” составена од осум претставници на четирите големи сили - САД, Франција, Англија и СССР Direction... Recueil... Livre VI, Le releve des decision de la dix-septieme seanse est adopte. “La Commission adopte alors a 1 unanimite une proposition australienne tendant a aetablir une Sous-Commission de huit membre composee des representation des quatres piussances””. Слабоста на овој австралиски предлог се состоеште токму во тоа што се предимензионираше местото, улогата и значењето на четирите големи сили на штета на другите 17 земји - учеснички на конференцијата, кои фактички беа ставени во подредена второстепена улога.>

Од самата Париска мировна конференција има доста голем број објавени и необјавени документи кои интегрално или парцијално се поврзани со Македонија и со националните права на македонскиот народ. Од нив посебно внимание заслужуваат меморандумите и телеграмите поднесени од страна на Македонците од Егејска Македонија на Париската мировна конференција.<> Освен тоа, се даваат стриктни податоци за состојбата на убиените, ранетите, интернираните Македонци и опожарените населби во некои села и градови во Егејска Македонија. За излезот од ваквата хаотична состојба во Северна Грција, потписниците на овој меморандум - пребегани Македонци, бараа од Анкетната комисија на Париската мировна конференција и од Организацијата на ОН да се преземат соодветни мерки. Телеграмите поднесени во рамките на овој меморандум се испратени од Конференцијата на пребеганите Македонци од Егејска Македонија што се одржа на 17 март 1947 година во Прилеп. Во меморандумот покрај другото, се истакнува следново: “Ние пребеганите од Егејска Македонија... најенергично протестираме против бруталните криминали извршени од монархофашистичките банди на Зервас, Политис, ЕДЕС, бурандарите против демократското население”.<Според “Л Хуманите” орган на КП на Франција од 28 август 1946 година во Егејска Македонија се убиени 570 Македонци, а 1266 се депортирани и се повикува врз основа на в. “Ризоспастис” - орган на КПГ. . L. Humanite 28 aout 1946 “570 assassinat, 1266 deportations - bilance tragique de la dictature de Tsaldaris (d apres l organ xommuniste grec “Risospastis”. >

* * *

На Париската мировна конференција е разгледувано прашањето за остварување на националните права на македонскиот народ од егејскиот и пиринскиот дел на Македонија, но не како одделен проблем, туку во склопот на југословенско-грчките и југословенско-бугарските територијални разграничувања.

Во рамките на југословенско-бугарските територијални разграничувања на самата конференција проблемот на Македонија е разгледуван од повеќе аспекти и тоа. 1) прашањето на националните права на македонскиот народ од пиринскиот дел на Македонија како посебен национален проблем, а не во склопот на територијалните разграничувања, 2) прашањето на југословенско-бугарските територијални разграничувања засновани врз етничкиот состав на населението. Според официјални извори од големите сили, непосредно по Конференцијата во 1947 година преку 75% од населението во Пиринска Македонија се декларирале како Македонци. Од Македонија како член на југословенскаа делегација на Париската мировна конференција е Димитар Влахов, а Благоја Хаџипанзов како советник. За време на одржувањето на Париската мировна конференција и непосредно по неа сред југословенско-бугарското државно-партиско раководство се застапуваше гледиштето и се работеше на припојување на Пиринска кон Вардарска Македонија (НРМ), како и на создавање на југословенско-бугарска, па дури и Балканска федерација во која требаше да влезе и Албанија како несловенска земја.

Што се однесува до Егејска Македонија, југословенското раководство, а посебно Едвард Кардељ како шеф на сите меѓународни договори и преговори на тогашна Југославија, не покажа активност да го постави, а камо ли да се застапува за обединување на македонскиот народ. Тоа што Моша Пијаде го покрена прашањето за положбата на Македонците во Егејска и Пиринска Македонија повеќе е резултат на неговата самоиницијативност, отколку на генералниот став на југословенската делегација. Покрај Моша Пијаде, заслужува внимание да се истакне застапувањето на Мануилски од Украина за заштитата и остварувањето на македонските национални права во Егејска Македонија, при што го осуди теророт од грчките власти над македонското население во Грција. Југословенското раководство и на Париската мировна конференција и потоа не само што не го постави македонското национално прашање, туку и во годините што следеа избегнуваше воопшто да го иницира и поставува се' со цел да не се нарушат добрите југословенски односи српско-грчки односи. Настаните што уследија по Конференцијата, а посебно по сплетот на меѓународните околности со Резолуцијата на Информбирото од јуи 1948 година и потоа, мошне негативно се одразија во остварувањето на македонските национални права и обединувањето на Македонците во една самостојна македонска дражва.

 

На прво место

News image

Мицкоски: Гласајте за нас нема да ве изневериме

Дел од обраќањето на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во Охрид

Историја

News image

Титовите слуги измислуваат македонски национализам

На 18 јули о. г. сите дневни весници од Југославија донесоа подолги извештаи од заседанието на Секре...

Култура и туризам

News image

Верувања од Разлошко

Градба на куќа Кога се започнува да се копа темел за градење нова куќа, обично, се почнува со работ...

Фељтон

News image

ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ВО САД И ВО КАНАДА – (ДЕЛ II) (28)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАКОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.