|

Александар Стеванов
За добрите работи надалеку се слуша. За квалитетот на тутунот кој што се одгледува на македонската земја се знаело дури до Америка и тоа пред повеќе од еден век.
За добрите работи надалеку се слуша. За квалитетот на тутунот кој што се одгледува на македонската земја се знаело дури до Америка и тоа пред повеќе од еден век. Во весникот St. Paul daily globe, од 7 мај 1887 година (стр. 15), пишува: "...Во татковината на големиот Македонец - Александар, расте најквалитетниот тутун во светот." Во американскиот весник The Columbus journal, во статија (стр. 7) од 13 октомври 1909 година (како и во уште неколку други весници), за квалитетот на македонскиот тутун пишува: "Кажано е од страна на еден патник дека најдобриот тутун за цигари во светот доаѓа од Македонија, дека најдобриот тутун (кога воопшто се работи за тутунот) во европските цигари доаѓа од Македонија, и дека кога не доаѓа од Македонија лажат дека доаѓаат од таму."

|