Среда, 08 Февруари 2012    Печати
СМК бара потекло и конфискација на имотите на Љубчо Георгиевски

smkСветскиот Македонски Конгрес (СМК) со внимание ја проследи веста на порталот “Македонска нација“ за документацијата околу бугарското државјанство на поранешниот премиер на Македонија, Љупчо Георгиевски.

СМК смета дека после објавата на интервјуто на поранешниот бугарски потпретседател Ангел Марин, ополномоштен од последниот бугарски претседател Ѓорѓи Прванов за потпишување на указите за прием во бугарско државјанство, на службената интернет-страница на претседателот на Република Бугарија, даден на 21 јули 2006 година за весникот “24 часа“ на новинарката Диана К’нчева, работите стануваат многу јасни, а маските на Љупчо Георгиевски конечно паѓаат во вода. Поранешниот бугарски потпретседател, на 23 февруари 2006 година потпишал указ за прием во бугарско државјанство на Љупчо Георгиевски според неговото “бугарско потекло“. Потпретседателот на Република Бугарија Ангел Марин вели: “Бугарското потекло на Георгиевски е докажано!“

Конечно и документирано е потврдена демисијата на овој отпадник од нацијата, од бугарски врховист, до бугарски државјанин поради своето “бугарско потекло“. Од проекциите за рекомпонирање на државноста со кантонизација, редефинирање на македонскиот етнитет преку индоктринација, диференцијација и селекција во македонското општество, пред се, во државната и јавната администрација, до извршител на симулираната војна во 2001 година и проекциите за внатрешна редистрибуција на територии и население во Македонија.

СМК смета дека Љупчо Георгиевски е трајно минато свршено време за Македонците и за Македонија, кој изгуби секаков морал и кредибилитет да дели лекции по историја и демократија во Македонија, затоа што неговата цел е реализација на други и туѓи интереси за Македонија и во Македонија. СМК смета дека повеќе не постојат Македонци во светот кои се уште му веруваат, освен што е интересен за соседните контраразузнавачки служби и за СДСМ во намерата за реализација на сценарија за дестабилизација на Македонија и за рекомпонирање на власта поради промена на државното име Македонија, страст за власт и сласт за моќ и пари.

СМК ги повикува надлежните органи да извршат потекло и конфискација на милионските имоти на Љупчо Георгеивски и конечно да го депортираат во Идризово поради велепредавство!

Прилог: линк од интервјуто: http://www.president.bg/v_iziavi.php?id=2644&st=10