|
||||
| Македонија е на добар пат за просперитетна иднина |
|
За Гласот на Америка на македонски јазик Милер изјави дека Македонија е една од најдобрите места во Европа и една од најбрзо растечките дестинации, што се забележува во индексот за економски слободи. - Хонг Конг и натаму, веќе 18 години по ред, е број еден во светот за странски инвестиции и предводник во сферата на економски слободи меѓу 184 рангирани економии. САД годинава паднаа за едно место подолу, но и натаму се на листата на десетте најдобри. Македонија е на 43-тото место, во категоријата на земји со претежно најголем дел економски слободи. Оствари скок од лани, кога беше 55-та, рече Милер. Директорот на центарот за меѓународна трговија и економија при Фондацијата „Херитиџ“, зборувајќи за Индексот на економски слободи што Фондацијата го подготвува во соработка со Вол Стрит журнал, истакна дека потребно е време влијанието да даде видливи резултати. - Економската слобода е нешто што остварува влијание со текот на времето. Македонија е на добар пат за просперитетна иднина, додаде Милер, потенцирајќи дека во земјата даночните стапки во однос на регионот се подобри. Македонија, како што посочи, во однос на другите балкански земји има многу подобро досие во владеењето на правото. - Веројатно се уште има прашања што би требало да се решат во однос на корупцијата, но во однос на владината политика, отвореноста кон светската економија, Македонија е одлично место да се почне економска активност, за продажба или инвестиции ширум Европа“, истакна Милер. Според него, иако Балканот има историја на политичка нестабилност и конфликти, економските индикатори во регионот сепак охрабруваат. |



Македонија е на добар пат за просперитетна иднина. Сепак, потребно е време за видливи резултати, вели авторот на Индексот на економска слобода на Фондацијата „Херитиџ“ во Вашингтон Тери Милер.
















