|
||||
| Демостен против Филип Македонски |
|
- Беседите на Демостен (384–322 пр. н.е.) се одликувале со висока книжевно-уметничка вредност и давале увид во современите политички и културни случувања. „Олинтики и Филипики“ се сметаат за негови најдобри политички говори, насочени против кралот на македонските варвари Филип II Македонски и неговата експанзија, со кои ги критикувал Атињаните и ги повикувал на одлучна акција против Македонците. Но и по цена на својот живот и две неуспешни востанија, тој не успеал да го спречи ширењето на македонското влијание на југ и освојувањето на цела Грција, соопшти „Ѓурѓа“ Книгата е објавена во едицијата „Магна идеја“ (МАГНА ИДЕА), во која ќе бидат објавени најзначајните дела на великани чии визии го промениле светот. Во првото коло на едицијата се и делата „Уметноста на војувањето“ од Сун Цу, „Категории“ од Аристотел, „Медитации“ на Марк Аврелиј, „Владетелот“ од Николо Макијавели, „Градот на сонцето“ на Томазо Кампанела, „Принципи на филозофијата“ од Рене Декарт, „Специјална теорија“ и „Општа теорија“ од Алберт Ајнштајн и „Црвената книшка“ од Мао Цедунг. - Големи мислители, мисионери кои ја шокирале и ја менувале цивилизацијата и помогнале да станеме тоа што сме. Автори кои поучуваат, провоцираат, интригираат и отвораат полемики. Дела кои со своите вонвременски вредности го трасираат патот кон спознанието, информира издавачот за новите наслови, кои ги објавува во годината кога одбележува 25 години постоење. |



- Издавачката куќа „Ѓурѓа“ ги објави познатите политички говори на најголемиот оратор на античка Грција Демостен против Филип Македонски во книгата „Олинтики и Филипики“.
















