|
||||
| Ѕвездите над Македонија - Македонија пред атентат(и) |
|
За таа цел, погледнав во наталната карта на Македонија, на Љубчо Гергиевски, Бранко Црвенковски и визуелно на Никола Груевски, бидејќи неговиот час на раѓање не успеав да го дознаам. Но и датата на раѓањето зборуваше многу. Да почнам по ред. Имено, Борис Трајковски од политичката сцена замина насилно, а покојниот Глигоров го преживеа атентатот. Да погледнеме што за тоа зборуваат планетите. Асцедентот, (подзнакот) на државата на следниот роденден ќе биде на 17 степен од Близнаци, во 2 куќа (пари, материјални работи), што може да донесе подобрување на материјална сфера, успеси на економско поле. Но, што ќе се случува во меѓувреме? Од февруари Соларниот асцедент транзитира низ 12 куќа (подсвест, таинствени непријатели) во наталната карта на Република Македонија. Транзитирањето на Соларниот Асцедент низ 12 куќа, ќе потрае до крајот на април. Ова зборува дека државата влезе во еден од потешките периоди, периоди во кои ќе се создадат силни и таинствени непријатели, непријатели кои нема да бираат средства за да ја постигнат целта. Не е исклучено да дојде во прашање опстанокот на власта, но и самата држава. Постои опасност од конфликти и немири од пошироки размери. На ова се надоврзува ретроградното (неповолно движење) на Марс (воинствена планета) од 24 јануари до 14 април, низ 6 куќа (работа) и 5 куќа (деца) и на Сатурн (во астрологијата познат како реализатор на судбината) низ 6 куќа. Од втората половина на март, Сонцето ќе почне да транзитира низ 12 куќа (подсвест, непријатели) во наталната карта на државата, со што ќе се создадат силни и таинствени непријатели, кои нема да бираат средства за рушење на власта и кои ќе посегнат по опстанакот на државата. Деновиве ретроградниот Марс, влезе ретроградно, повратно, во петта куќа. Во моментот се наоѓа во силна коњукција со наталната Месечина и Сонцето. Кога ќе се надополни тоа со транзитирањето на Соларниот Асцедент, што тоа може да донесе? Ретроградниот Марс во коњукција со Месечината во петта куќа, ја зголеми нервозата кај децата, кај народот. Се случува нетрпеливост, конфликти, немири. Коњукцијата на ретроградниот, транзитен Марс, што ќе се случи со Сонцето до крајот на месецот, може да предизвика, големи пореметувања во државата, па и на политичка сцена. Што може да предизвика? Не е исклучено да предизвика атентати на јавни личности, на личности што ја водат или што ја воделе државата. Ќе се запрашате зошто зборувам за личности што ја воделе државата? Во една слична ситуација во март 1995 година, исто така, сметав дека ќе се случи атентатот на Глигоров (кој го предвидов во “Македонско Сонце”, број 37, од 3 март 1995 година). Постојеа две веројатности, пролетна и есенска. Јас повеќе верував во пролетната, отколку во есенската. Се случи обратно, есенската, кога Марс дојде во слична позозија и аспекти, кога беше директен! Но, за разлика од тогаш, освен ретоградниот Марс, во моментот имаме силен тригон на два ретроградни Сатурна (Сатурн во наталната карта на државата е ретрограден), наталниот и транзитниот Сатурн. Од овие причини не се насочив кон актуелните личности што ја водат државата (претседателот и премирот), туку кон оние што ја водеа државата, а се поклопува со нивниот распоред на планетите. Тука треба да се напомене, големи поклупувања има и со премирот на државата. Ќе почнам по ред, со оние кај кои очекувам најголеми опасности. Зошто почнав со Бранко Црвенковски? Како што реков, се работи за два ретроградни Сатурна (минус по минус) транзитни ретроградни Марс со натално Сонце (во мунданата астрологија го преставува владетелот, таткото на државата). Што забележав веднаш? Двата соларни асцеденти, на државата и на Бранко Црвенковски се движат истовремено, со мала разлика, низ исти куќи. Ово зборува дека од февруари до крајот на април, соларниот асцедент кај Црвенковски ќе транзитира низ неговата 12 куќа (завршна куќа во астрологијата), како и во наталната карта на Република Македонија. Ретроградниот Марс ќе транзитира низ неговата 6 куќа (работа), во моментот е и во коњукција со наталниот Плутон, кој му е владетел на неговата 8 куќа (блокади, пречки, смрт, завршна куќа). 8 куќа му започнува во Скорпија, која има два владетела Марс и Плутон. Двата совладетели на неговата 8 куќа (не би сакал да се случат моите визии и говорот на планетите, кој во моментот го читам) можат да му предизвикаат повреди, во најлош случај насилна смрт. Кога ќе се земе во предвид, дека од сабота (денес, 18 февруари 2012 година) и Сонцето почнува да транзитира низ неговата 12 куќа (подсвест, таинствени непријатели, завршна куќа), можат да предизвикаат многу непријатности. Влегува во период кога неговите непријатели ќе бидат многу силни и нема да бираат средства. Ќе ја изгуби поддршката од пријателите и оние што го опкружуваат. Меѓу нив ќе се создадат, таинствени и силни непријатели, непријатели кои нема да бираат средства. Од денес, па скоро до крајот на март, ќе поминува низ тежок период, период кога треба да обрне внимание на безбедноста. Ова не значи дека со директниот од’ на Марс нема да се повторат опасностите, туку ова може да биде само подготвителен период на неговите непријатели. Директниот од’ на Марс е од 14 април. Интересно е што со Бранко Црвенковски имаат ист подзнак, во Овен. Ретроградниот (транзитен) Марс и кај него, како и кај Црвенковски, се наоѓа во неговата 6 куќа (работа). Сведоци сме што му донесе ретроградниот Марс, кој тргна од 24 јануари. Донесе напуштање на многу членови и обид за распад на неговата партија. Му донесе недоверба од колегите и сороботниците, од следбениците, членовите на партијата. Неговиот Соларен Асцедент, на роденденот (17 јануари) му се наоѓаше во неговата 3 куќа (другари, поблиски роднини, оние што го опкружуваат, куси патувања, комуникации). Тоа му донесе непријатни комуникации, напуштање на најблиските, сороботниците, разобличување, неконтролирани изјави, интервјуа, разобличување пред очите на јавноста (3 куќа е куќа и на комуникацКај него ретроградниот, транзитен Марс е во силна коњукција со неговите натални, ретроградни Уран и Плутон, што може да му донесе крај на политичката кариера, но и насилна смрт, бидејќи Плутон му е владетел на 8 куќа (блокади, пречки, смрт), совладетел на транзитниот Марс (исто како кај Црвенковски). Но, истиот можеби ќе го избегне насилниот крај. Во втората половина на март, соларниот асцедент ќе почне да му транзитира низ 4 куќа (дом) што може да му донесе селидба, заминување од државата. Но, гледајќи го распоредот на плентите, можно е да не му успее тоа, бидејќи 4 куќа, како и 8 куќа, во астрологијата се завршни куќи. За завршување на неговата политичка кариера ќе придонесе и квадратот на ретроградниот, транзитен Сатурн (во астрологијата владее со кариерата и врховната власт) и неговото натално Сонце. Сатурн владее со неговиот знак. Се надевам дека згрешив во говорот на планетите, дека тоа нема да биде насилен крај, може да биде предизвикана само селидба, заминување од државата. Од почетокот на март, ретроградниот, транзитен Марс ќе биде во силна коњукција (во ист степен, агол или аспект, до плус минус 7 степени) со неговото Сонце (самата личност). Ова зборува дека истиот влегува во лош и опасен период, период во кој треба да посвети големо внимание на безбедноста, период во кој може да биде обвинуван за тешки дела. Деновиве, ретроградниот Сатурн му се наоѓа во силна коњукција со наталниот Меркур. Тоа може да донесе афери, обвинувања, губење на поддршка од колеги, соработници, период на силни и таинствени непријатели на деловно поле. Период кога може постојано да го следат опасни обвиненија. Како кај претходните два актера и кај него постои опасност од насилност, насилно заминување, но не и исто, како кај првиот и вториот актер. Имено, најголемата опасност му претстои на Црвенковски и на Георгиевски, каде е и најголемата веројатност од насилно заминување. Ова не значи дека истата опасност не му се закунува и на Груевски. |



Подолго време не пишувам за мунданата или политичката астрологија, за настаните што и’ престојат на државата. Но, интервјуто на Љубчо Гергиевски, што го затекнав на “24 часа” (ноќта - 10 кон 11 февруари 2012) ме предизвика повторно да погледнам кон планетите, да се обидам да го прочитам говорот на планетите.
















