|
||||
| Пророштва за победата на Тир |
|
Интересно е да забележиме уште некои пророштва во Библијата, индиректно поврзани со Александар. Во книгата на пророкот Језекиил 26, 12-14 се наоѓа еден текст кој го прорекува разорувањето на Фениќискиот град Тир. Меѓу другото се вели: “...ќе го разграбаат твоето богатство...ќе ги разрушат твоите ѕидови, ќе ги урнат твоите убави домови, твоите камења и твоите дрвја и земјата твоја ќе ја фрлат во вода”. Иако на почетокот ова пророштво требало да го исполни Вавилонскиот цар Навуходоносор[1] (Језекиил 26, 7.), свое конечно исполнување нашло во опсадата и освојувањето на Македонската војска.
Но, Александар со своите генерали дошол до генијална идеа: камените остатоци од крајбрежниот дел на градот ги фрлал во водата со цел да создаде природен земјен премин до островот. Во еден момент тој им наредил на своите војници да ја земаат земјата и правот од градот и да ја фрлаат во морето. На тој начин, островот бил споен со крајбрежјето, по што војската на Александар за кратко време го освоила градот.
Во истата глава од книгата на пророкот Језекиил, во четвртиот и петтиот стих читаме: “...ќе ги разбијат ѕидовите на Тир...и ќе го изметам правот негов и ќе го направам гол камен. Ќе биде место за простирање мрежи во морето; зашто Јас го реков тоа, вели Господ Бог...” Ако денеска појдете до местото каде се наоѓал некогаш градот Тир, ќе сретнете мала рибарска населба на чии обали се простираат мрежи, иако постојат идеални услови за голем град. А ако се загледате во морето, јасно ќе ги забележите камените остатоци од стариот град Тир кои Македонската војска ги фрлила во морето за да создаде премин до островскиот дел на градот. А во близината ќе го забележите некогашниот остров, сега полуостров, кој бил освоен од Александар Македонски. [1] Тој 13 г. го држел под опсада градот Тир но не успеал да го освои. |



Напишано од Денис Тенев
Се чинело дека Тир е неосвоив град. Имено, еден дел од градот бил поставен на Фениќиското крајбрежје, а другиот дел на многу блискиот остров. Кога доаѓале освојувачки војски, граѓаните на Тир се повлекувале на островот, оставајќи ги освојувачите беспомошно да стојат околу неосвоивите тврдини на островот. А тоа било така затоа што, војниците за да дојдат до островот морале да користат бродови кои или ги немале или биле лесна мета на Тирската одбрана. Со истата ситуација се соочила и Македонската војска.

Ако денеска појдете до местото каде се наоѓал некогаш градот Тир, ќе сретнете мала рибарска населба на чии обали се простираат мрежи, иако постојат идеални услови за голем град. А ако се загледате во морето, јасно ќе ги забележите камените остатоци од стариот град Тир кои Македонската војска ги фрлила во морето за да создаде премин до островскиот дел на градот. А во близината ќе го забележите некогашниот остров, сега полуостров, кој бил освоен од Александар Македонски. 
















