Среда, 14 Октомври 2009    Печати
Македонска нација
makedonska-nacija-600
Инспирирана од многуте текстови на веб порталот „Македонска нација“ во кој секој има место да го изрази своето мислење и да ги сподели своите ставови во јавноста, често пати ме наведуваше да размислувам за Македонска нација. Сфатив едно дека веб порталот „Македонска нација“ има своја идеологија на која и е верна и која не разликува политчки партии, нејзината иделогоија е една и единствена Македонија.

Можеби звучи премногу фалбаџиски ако кажам дека веб пораталот „Македонска нација“ преставуву дипломат, историчар, публицист, истражувач со еден збор, доследен афирматор на македонската национална мисла која ги поврзува и обдинува македонците од целиот свет.

Голем број аргументирани написи зборуваат за одбраната на нашето вековно и уставно име, аргументи и документи кои можеби фаќаат прашина некаде во депоата на Обединетите нации, а кои даваат доказ за постоењето на Македонија и Македонците и кои зборуваат за одредени признанија кои денешните политичари свесно, или несвесно сакаат да ги заборават.

Но затоа постои веб порталот „Македонска нација“ да ги пронајде и да потсети.

Бранењето на постоењето на се што е Македонија и Македонско , одбраната на уставното име, промовирањето на културните вредности, зачувањето на традицијата, културата, туризмот, но и потсетувањето на кодошите во кој пропатија многу Македонци, кои како и „Македонска нација“ од 1973 имаа една цел Македонија и само Македонија.

На овој начин се развива љубовта кон татковината и на еден начин се стекнува одговорност да се брани пожртвуваноста на голем број патриоти, научници, интелетуалци, знајни и незнајни за нивниот придонес кон Македонија.

И тогаш и сега тоа што го започна Драган Богдановски како главен уредник и неговиот тим со печатеното издание на списанието што се печатеше во Германија „Македонска нација“ од 1973, ние идните генрации треба да го продолжиме, да изградиме мостови кои ќе не обединат сите нас Македонците насекаде во светот. Многу битки, многу неправди, многу страдања, многу шпионажи. Македонска нација газела низ трње но сепак преживеа и еве ја повторно денес меѓу нас, заеднички да војуваме со едниствено оружје јавното мислење и пласирањето на вистината.

vesna_manevska
Весна Маневска