Среда, 30 Мај 2012    Печати
Апел за поддршка на Миле Стојкоски и неговиот тим кои се на пат за ЛОИ Лондон

loi-londonВо пресрет на почетокот на Летните олимписки игри во Лондон, големиот спортист и хуманист Миле Стојкоски, го спроведува проектот Лондон 2012. Тргнувајќи уште на 15 март 2012 година од Крушево, тој сега со својата инвалидска количка  патува од Македонија за Лондон. Целта на Миле Стојкоски е преку овој своевиден ултрамаратон да го сврти вниманието на меѓународната јавност за можностите, но и за потребите од поддршка  на лицата со хендикеп.

До денот на официјалното отварање на на ЛОИ Лондон 2012 (27. VII 2012), кога Миле Стојкоски  ќе пристигне во Лондон, тој ќе помине низ 15 држави: Македонија, Србија, Унгарија, Словачка, Австрија, Хрватска, Словенија, Италија, Швајцарија, Германија, Холандија, Белгија, Луксембург, Франција и Велика Британија.  Во текот на 133 дена колку што ќе трае неговото патување, тој на својот личен пример ќе ги престави не само способностите, туку ќе се обиде да ја анимира пошироката јавност за унапредување на здраствената грижа, ресоцијализацијата и посебните права на лицата со посебни потреби.

По сообраќајната несреќа во 1996 година, кога со својот мотор удира во кола и останува парализиран на двете нозе, Миле Стојкоски покажува огромна животна сила и по големата емотивна борба и учење како да се справи со новонастанатата ситуација, тој животот го посветува за помагање на други луѓе со посебни потреби. Тој се вклучува преку спортските и хуманитарните непрофитни организации за да помогне да се подигне јавната свест и средствата за поддршка на лицата со хендикеп. За таа цел Миле се фокусира на ултрамаратони и како што вели:

- „ Јас патувам долго растојание маратони со мојата инвалидска количка и тим на луѓе кои како мене кои ги поддржуваат истите цели. Мојата визија е да се покаже пред меѓународната јавност дека ние заслужуваме да живееме богат и исполнет живот подеднакво како и сите други.“

Во 2004 година, македонската јавност за првпат слушна за Миле Стојковски, кога тој јавно ја обелодени својата намера дека со својата инвалидска количка ќе патува 704 км. од Прилеп до Атина на Летните олимписки игри во Атина, Грција. Со малку опрема и ресурси, тој за дваесет дена успешно го заврши маратонот и пристигна на отварањето на игрите. Отогаш тој спровел повеќе активности и девет маратони за кои добил јавни признанија и награди меѓу кои: „Мајка Тереза“ - Награда за хуманитарни достигнувања (2004) и Херт Јан Апелдорн  - Награда за одржлив развој.

Денес Миле Стојковски и неговиот тим, иако со ограничени средства го спроведува својот 10-ти маратон (5-ти ултрамаратон со вкупна должина од 3.500 км.). Со невидена животна сила и ведрина тој го продолжува патот постигнувајќи дневни рекорди на изминат пат. Него го води надеждта за подобро утре, надежта дека навреме ќе пристигне на отварањето на ЛОИ Лондон 2012, каде на отворена сцена преставници на кралското семејство треба да го поздрават неговиот успех.

Но, за да успее Миле Стојкоски и неговиот тим потребна е поддршка, како медиумска така и во однос на материјални средства. Секоја подршка од компаниите и поединци, без разлика на висината е добродојдена за набавка на неопходни материјали за патување. Давањето на поддршка на тимот на Стојкоски, истовремено значи поддршка на лицата со хендикеп, а со тоа исполнување на општествената должност и подобрување на имиџот на донаторите.

Секој кој сака да го помогне Миле Стојкоски и неговиот тим, за тие узпешно да ја завршат својата цел, тоа можат да го направат на следната ж-сметка:

BENEFICIARY:

Name and Surname: MILE STOJKOSKI
Adress: ” GORGI SUGARE ” - 9 PRILEP
Acc. No: 0230705564243
IBAN: MK07300307055642475

BENEFICIARY’S BANK:

Komercijalna banka AD Skopje
Kej Dimitar Vlahov, no. 4, 1000, Skopje, Macedonia
BIC/SWIFT CODE: KOBSMK2XPRB