|
||||
Македонскиот градоначалник во Австралија Саравиновски во посета на Македонија |
Истакнатиот македонски иселеник во Австралија и актуелен градоначалник на Општина Рогдал во Сиднеј-Јужен Велс, Благојче Бил Саравиновски, денеска ќе биде примен од Архепископот на МПЦ г.г.Стефан. Предвидено е Саравиновски да има средби и во Град Скопје и во Општина Центар, по кои следуваат протоколарни средби со државниот врв. Во тек на престојот во Македонија градоначалникот Саравиновски со семејството ќе ги посети родната Битола, како и Прилеп, Охрид, Кочани и други историски и туристички места. На Саравиновски вчера му беше врачено послание за хуманост од Граѓанската асоцијација „Мајка Тереза“. Тој ги посети и гробот на Гоце Делчев, Музејот на ВМРО, плоштадот „Македонија“.. Благојче Бил Саравиновски е првиот македонски иселеник во Австралија кој веќе шест мандати е градоначалник на централната сиднејска општина. Рокдал е мултинационална општина од 100.000 жители, во која што живеат десетици илјади Македонци од сите генераци, а има и многу Грци, Романци, Азијци, кои гласаат за овој градоначалник. Многу наши уметници, ансамбли и друштва кои што претстојуваат во Австралија се гости на Рокдал и Сиднеј, а многу градови од Македонија се поврзани и соработуваат со Рокдал кој се нарекува и македонска општина во дијаспората. |